Дрогериите на „dm“ меѓу најпопуларните во Македонија: Потрошувачите направиле промет од 7,4 милиони евра

Синџирот продавници на дрогеријата „dm drogerie markt“ во Македонија забележа двоцифрен пораст на прометот од 20,5% во изминатата година. Компанијата во земјава оствари вкупен бруто-промет од 455 милиони денари (7,4 милиони евра) во периодот од октомври 2015 до октомври 2016 година, што е доказ за довербата која што македонските потрошувачи ја имаат во производите кои им ги нуди „dm“.

drogeriite-na-dm-megu-najpopularnite-vo-makedonija-potrosuvacite-napravile-promet-od-7-4-milioni-evra-1.jpgЧленови на управа во dm Србија и Македонија.


Компанијата „dm drogerie markt“, која на македонскиот пазар е присутна веќе 4 години, во моментов има 10 продажни објекти во три градови во Македонија. Освен успешните деловни резултати во земјава, на ниво на целата групација „dm drogerie markt“ во Европа оствари рекорден промет од 9,7 милијарди евра. Тоа е раст од 7% споредено со претходната година, со што докажа дека е водечки дрогериски синџир на европскиот пазар.

Групацијата „dm drogerie markt“ во Европа во моментов е присутна во 12 европски земји со мрежа од 3.489 продажни објекти и 56.537 вработени. Во новата деловна година, „dm drogerie markt“ се подготвува да влезе и на италијанскиот пазар.

Со понуда од над 13.000 производи во својот асортиман, „dm“ се етаблира како единствена дрогерија на пазарот во Македонија. На пазарот, „dm“ важи за место за пазарување на висококвалитетни производи по поволни цени.

Во својот асортиман, „dm“ нуди повеќе од 3.000 производи од 23 сопствени марки во сегментот на убавина, природна козметика, лична хигиена, производи за домаќинство и нега на бебиња, па сè до органска храна, како и храна за домашни миленици, со исклучителен германски квалитет по најповолни цени. Тоа го позиционира „dm drogerie markt“ како најголем понудувач на приватна марка на пазарот во Македонија. Посебен акцент се става на разновидниот асортиман на повеќе од 400 производи органска храна што „dm drogerie markt“ го вбројува во еден од најголемите понудувачи на органска храна на македонскиот пазар.

За брз дигитален пристап кон сите информации за попусти, новитети и други активности, „dm“ во своите продажни објекти обезбеди бесплатно користење безжичен интернет за сите потрошувачи.

„Секогаш настојуваме да ги следиме и да реагираме на потребите на нашите потрошувачите за да им обезбедиме понуда на компетентен асортиман, квалитетна услуга и колку што е можно попријатна атмосфера во продажните објекти. Во прилог на тоа зборуваат и повеќе од еден милион извршени пазарувања во дрогериите на „dm“ во Македонија во изминатата деловна година“ - истакна Александра Оливера Кориши, директорка на „dm drogerie markt“ во Србија и во Македонија.

Освен по квалитетните производи, најповолните цени и позитивниот деловен биланс, „dm drogerie markt“ на македонскиот пазар во изминатите четири години се профилираше и како компанија со голема општествена одговорност. И во оваа деловна година „dm drogerie markt“ продолжи да дава различна поддршка на различни ранливи групи преку донации, како што беше донацијата за Здружението за борба против рак и леукемија кај деца „Пеперутка“.

Годинава „ dm“ ја продолжи кампањата за почиста животна средина „Трајна торба за цел живот“ преку која активно работи на намалување на потрошувачката на пластични ќеси при секојдневното пазарување. За оваа цел, „dm“ на своите потрошувачи им понуди трајно еколошко решение - памучна торба „dm“, која потрошувачите, откако еднаш ќе ја купат, бесплатно можат да ја заменат со нова торба доколку таа се оштети или се искине.

Во соработка со овластената организација „Нула Отпад“, компанијата продолжи активно да го поддржува проектот за заштита на природата од опасниот отпад. Согласно тоа, во сите дрогерии на „dm“ се поставени посебни корпи во кои потрошувачите можат да ги оставаат сите потрошени батерии, како и отпадната електронска и електрична опрема.

Би можело да ве интересира:

Еспадрили од 1.000 евра, шешир од 800 евра – Аделина Тахири на одмор во Бодрум со цела колекција лук... MiuMiu шешир, Hermes чанти, Chanel влечки, Valentino еспадрили - колекцијата чев...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Александра Пријовиќ плаќа 30.000 евра за градинка на синот – го носи возач со луксузен автомобил „Александра го сака само најдоброто за своите деца. Не ја интересира што мислат ...
Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви ... „Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами...
Внукот на Ефто Пупиноски, а син на Секула, се врати да живее од Америка во Македонија по 22 години -... Тој е син на Секула Пупиноски, починатиот македонски пејач, чија песна „Врати се...
Мартин и Стефан од Некст Тајм во Рим - со постариот брат наздравуваат со ракија: „Повторна ергенска ... Поради фотографијата на која стои пораката „Повторна ергенска средба во Рим“, но...

Најчитани неделава