Извлечени добитниците од големата наградна игра на Рамстор

Голем број потрошувачи, заинтересирани граѓани и учесници присуствуваа во трговскиот центар Рамстор на извлекувањето на добитниците од наградната игра „11-ти роденден на Рамстор!“.

izvleceni-dobitnicite-od-golemata-nagradna-igra-na-ramstore-01.jpg

Возбуда, нетрпение и големо исчекување ги обзема присутните, особено оние чиј фокус беше главната добивка, возбудливиот CROSSOVER Citroën C4 Cactus.

Наградната игра „11-ти роденден на Рамстор!“ почна на 6 октомври и траеше до 14 декември оваа година, а можност за учество имаа сите полнолетни граѓани со фискална сметка над 1.000 денари. Со организацијата на оваа наградна игра Рамстор сакаше да искаже благодарност кон своите лојални потрошувачи за довербата, што го направи нивен прв избор во изминатите 11 години.

На извлекувањето беа доделени 111 ваучери од по 11.000 денари, како и уникатниот CROSSOVER Citroën C4 Cactus кој отиде во рацете на Сергеј Шоптрајанов  од Скопје.

izvleceni-dobitnicite-od-golemata-nagradna-igra-na-ramstore-05.jpg

Сè уште сум возбуден и не знам што би кажал во овој момент. Ми се чини нестварно, како да му се случува на некој друг. Не присуствував на извлекувањето, ме информираа телефонски и добро што имав каде да седнам. Не ми се верува дека можам да кажам дека сум сопственик на CROSSOVER Citroën C4 Cactus!?! Секој пат кога ќе изговорам, одново се преиспитувам дали е ова возможно?!? Благодарен сум за наградата, тотално неочекуван подарок, 2016-та не можеше да има подобар финиш“ - возбудено изјави Сергеј.

Уште од основањето визијата на Рамстор остана иста; да креираат и да задржат среќни и задоволни потрошувачи, а тоа настојување го демонстрираа и со организација на оваа наградна игра.

izvleceni-dobitnicite-od-golemata-nagradna-igra-na-ramstore-04.jpg

Секако дека деловните резултати, плановите и визиите за просперитет носат сатисфакција и бенефит за нас и за нашите вработени, но она задоволство и среќа што им ги овозможуваме на нашите потрошувачи не се мери со ниту една единица мерка за успех. Бев присутен на извлекувањето и на таа несекојдневна возбуда и ќе бидам искрен, нема подобро чувство, нема поголема храна за душата, отколку да наградите и да израдувате некого толку многу.  Се надевам дека нашите потрошувачи ќе уживаат во своите ваучери за поголемо и побогато новогодишно славење. На добитникот на CROSSOVER Citroën C4 Cactus му ја честитам оваа голема добивка и посакувам удобно и безбедно возење со овој егзотичен автомобил“ -  изјави Мурат Јуксел, Маркетинг директор на Рамстор во Македонија.

Следејќи ги позитивните трендови во малопродажбата и ослушнувајќи ги очекувањата на потрошувачите, Рамстор маркетите постојано работат на унапредување на разбирањето на потребите на модерното живеење. Тоа подразбира континуирана инвестиција во оперативна инфраструктура и во нови маркети поблиску до потрошувачите, што обезбедуваат најдобри услови за пазарување и понуда што им го подобрува квалитетот на животот ним и на нивните најмили.

Сите добитници од наградната игра „11-ти роденден на Рамстор!“ можете да ги најдете на следниот линк.

Би можело да ве интересира:

Девојче (6) од Скопје прослави роденден со 6-метарска реплика на куќата на Снежана и 7-те џуџиња (фо... „Одлуката за идејата и темата за роденденот, како и тортата е на Зои. Испадна во...
Сергеј Четковиќ се збогува од својот пријател Панчо: „Од прв ден те гледав како брат – како да те зн... „Знаеш, она кога луѓето се препознаваат на прва, како да ги знаеш цел живот. Тво...
Сестрата на Спире кој почина во Кочани, пушти 27 балони кон небото за неговиот роденден: „Те сакам б... „Среќен небесен роденден брат. Оваа година можам да ти подарам само 27 балони“, ...
Зои Блаж емотивно го слави 1-иот роденден на ќерката, откако пред 7 години ѝ кажаа дека нема да стан... „Ти благодарам што ме избра мене да бидам твоја мајка. Со тебе научив дека најуб...
„Минче ти си пример како едно девојче треба да се бори“ - Весна Петрушевска емотивна за 21-иот роден... „Се познаваме точно 20 години и 3 месеци. Имаше само 9 месеци и 4 и пол килограм...
Сергеј Варошлија: „Во мојот салон најдов фотографија од мртва, претепана, ќелава жена со сошиена уст... „Ја отворам фотографијата, а тоа црно-бела фотографија од почината жена. Еве, се...

Најчитани неделава