Во потрага по совршеното топло чоколадо

Што е подобро од темното чокoладо? Одговорот е едноставен: топлото чоколадо. Уште во времето на Ацтеките луѓето сакале да се разгалуваат себе си со топли слатки напивки како што е топлото чоколадо, неговата примена во Европа дошла преку Мексико каде за кратко време станало многу популарно, а се чини не случајно неговата распространетост и обожување не стивнува и до денес.

vo-potraga-po-sovrsenoto-toplo-cokolado.jpg

Но, колку и едноставно да звучи неговата подготовка е важна за да се добие посакуваната густина, текстура и вкус. Во потрга по вистинското топло чоколадо скроено по мерка на боговите дојдовме до традиционалниот рецепт на италијанскиот бренд Тонино Ламборџини кој користи специфично и високо квалитетно какао. Оваа совршено избалансирана напивка ќе ги разгори вашите сетила во ладните зимски денови, а вкусот ќе остане запомнет и ќе посакате повторно да го почувствувате.

Спакувано во елегантна  метална  кутија која совршено ја чува неговата свежина и квалитет Тонино Ламборџини топлото чоколадо се состои од 8 различни вкусови, перфектно избалансирани за да ги задоволат и најпребирливите гурмани. Неговата подготовка е едноставна : 25-30 грама чоколаден прав со 120 грама млеко . Доколку сакате погуста структура тогаш додадете помалце млеко или пак ако сте расположени за полесна слатка напивка направете го поретко со повеќе млеко, изборот е ваш.

Ова луксузно слатко доживување доаѓа во пакувања од 500 грама и 1кг. За повеќе информации посетете ја официјалната веб страница: http://www.aegroup.mk/; https://www.facebook.com/aegroup.mk/

Би можело да ве интересира:

Како изгледа денес внукот на Тоше Проески? На светот не постоеше личност што Тоше Проески повеќе ја сака од неговиот внук К...
Денес почнува божиќниот пост – кои денови се јаде риба, кога се пости на вода и од што да се откажет... Божиќниот пост ќе трае 40 дена, односно од 28 ноември до 6 јануари, во овој пери...
„Се боревме заедно 213 денови и денес ни одлета“ – Тимот на Систина се збогува од Панчо, како и него... „Вие бевте тие кои ми дадовте 7 месеци можност да се гушкам и зборувам сè што не...
Доктор Горан откри дека доби втор син со забавно видео: „Сакам да ви претставам еден дечко што и јас... „Денес сум во болница, но во цивил. Сакам да ви претставам еден дечко што и јас ...
Денес е Ѓурѓовден – кои се обичаите поврзани со овој голем христијански ден? Се оди на црковна литургија, наутро се берат билки и цвеќиња и се прават венчиња...
Давид Илиев, фризер: „Денес првпат отидов во дом кај лице со попреченост што не може да посети бербе... „Уште пред некое време кажав дека стојам на располагање за секој човек со попреч...

Најчитани неделава