Интервју со Марина Андреева – маркетинг координатор во Макпрогрес Виница

intervju-so-marina-andreeva-marketing-koordinator-vo-makprogres-vinica.jpg

1. Макпрогрес е компанија под чиј чадор спаѓаат брендовите Винчини, Армониа, Сончева Долина и Натура. Може ли да споделите со нас колку производи имате и кој е главниот пазар за нив?

Макпрогрес има широко производствено портфолио од преку 300 најразновидни прехранбени производи кои се пласираат под 5 главни брендови. Нашите производи можат да се најдат на полиците во маркетите ширум светот, на 5 континенти, дури во Гренланд, Австралија, Мавританија, Хонг Конг, Малдиви. Од неодамна може да се пофалиме и со извоз во Мароко, нашиот новоосвоен пазар. Сепак регионот на Југоисточна Европа е нашиот главен пазар и нашата цел е да станеме лидери во кондиторската индустрија и прв избор на потрошувачите во овој регион. Едни од нашите најголеми купувачи се Балканските земји особено Романија, Косово, Бугарија, Србија, Црна Гора.

2. Макпрогрес во изминативе неколку месеци се претстави на неколку саеми за храна, меѓу кои и светските SIAL во Париз и ISM 2017 во Келн. Што значеше тоа за компанијата? Што е следно?

Макпрогрес со своето интернационално портфолио на производи е извозно ориентирана компанија за која извозот е главен двигател за раст. Нашата компанија отсекогаш се охрабрувала за деловни предизвици кои возбудуваат и нудат пласман на пазари со економии сосем различни од локалните. Со цел воспоставување на соработка со светски ланци на супермаркети како и за собирање на иновативни искуства и знаења, Макпрогрес по осми пат беше дел од најголемиот светски саем за храна „SIAL“ кој се одржа измината година во октомври во Париз, каде успешно се претставивме пред повеќе од 150.000 посетители. Пред десетина дена тимот на Макпрогрес се претстави и на најголемиот светски саем за кондиторски производи - ISM во Келн. На овој саем започнуваат трендовите и тенденциите во индустријата и несомнено, нема подобра можност за интернационално вмрежување и претставување. Овогодинешното претставување на Макпрогрес на саемот донесе многу нови клиенти, меѓу кои компании од Франција, Финска и Либија. На есен се враќаме во Келн, за да се претставиме на ,,Anuga”, уште еден светски саем во прехранбената индустрија.

3. Како ги градите односите со потрошувачите? Како дознавате за потребите на пазарот?

Еден од столбовите врз кои е изграден Макпрогрес како успешна компанија е токму односот со потрошувачите. Постојано се трудиме да ги информираме за најважните новости во врска со компанијата и производите, преку каналите за комуникација. Притоа настојуваме да поставиме двонасочна комуникација, да добиеме мислење и сугестија од потрошувачите. Социјалните медиуми се идеална алатка за брза и непосредна комуникација, па преку  Facebook и Instagram одржуваме константна интеракција со фановите. Активно ги следиме коментарите и пораките, меѓусебно се инспирираме и наградуваме. Како компанија, секогаш се трудиме да бидеме и општествено корисни. Нашата дејност е производство на храна, па многу често се трудиме да го едуцираме населението за здравиот начин на исхрана. Еден таков пример е  претставувањето на производите на Natura  на Health, Fitness & Wellness Expo – најголемиот интерактивен настан за здрав животен стил кој се организира во Македонија, каде посетителите на настанот имаа можност да ги вкусат и да научат нешто повеќе за придобивките од конзумирање здрави прехранбени продукти. Сето ова е само еден мал сегмент од она што го преземаме за да градиме долгорочни односи со потрошувачите. Правиме и истражувања на пазарот кои ни овозможуваат увид во потребите на потрошувачите и правилни бизнис одлуки.

4. Во тек е наградниот конкурс на Винчини по повод Денот на вљубените. Кои се правилата?

Навистина сакавме да подариме нешто посебно по повод 14 февруари, денот кога се слави љубовта. Во тек е награден конкурс на Винчини, а главната награда е патување во Верона – градот кој е симбол на заљубените парови. Правилата се едноставни, потребно е учесниците да објават Instagram boomerang видео или фотографија со медењаците на Винчини со хаштаг #Vincinnilove и да го покажат нивниот креативен момент на љубов. Наградени ќе бидат три најкреативни објави. Посетете ја фан страната на Винчини на Facebook за подетални информации и означете ги вашите љубовни фотки со #Vincinnilove. Да ги преплавиме социјалните мрежи со љубовни пораки и медени срца од Винчини.

5. Што значи за еден млад професионалец позиција во маркетинг тимот на една голема компанија како што е Макпрогрес? Со кои предизвици се соочувате во секојдневното работење?

За мене е огромен предизвик да ги совладувам вештините на маркетингот во една компанија како што е Макпрогрес. Среќна сум што имам можност да го работам тоа што го сакам. Кога се работи со голем ентузијазам,  сите предизвици полесно се совладуваат особено кога се големи земајќи го предвид и големиот развој на компанијата. Мојата професија е динамична, бара постојана информираност, креативност и посветеност. Луѓето што се занимаваат со маркетинг знаат дека освен големата желба, потребно е постојано надоградување, свежа енергија и мотив да се следи вртоглавиот развој на комуникациите. За мене и останатите во маркетинг тимот, секојдневието подразбира изнаоѓање на креативни и ефективни начини да го градиме и задржиме имиџот на Макпрогрес, како и довербата на потрошувачите.  Во моментов, покрај секојдневните проекти, работиме на планирана маркетинг активација со кампања за поголема свесност и поволен имиџ на Винчини, како и за промоција на новите вафли ,,Премиер” кои уште на самиот старт одлично се прифатени од страна на потрошувачите.

Би можело да ве интересира:

Читањето е безвременска навика: Богата програма од 4-ти до 10-ти мај на 35. Меѓународен Саем на книг... Доколку ги рангираме и разгледуваме најздравите навики, коишто може да ги поседу...
Антониа Гиговска со провокативна фотосесија за Денот на вљубените „Дали ќе бидеш мојот Валентин“ – напиша Антониа Гиговска до фотките на кои позир...
Тина од Скопје со трогателна објава: „Бев дете, стоев на балконот од нашиот стан на Рекорд и ја глед... „Бев дете, 3 години, стоев на балконот од нашиот стан на Рекорд и секогаш вниман...
Над 252 тони отпад собрани и селектирани во ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2023 - најмасовната еко-акција во земја... Во рамките на еколошката акција Генералка Викенд 2023, што од 12 до 14 мај по тр...
Кои се најпознатите браќа на македонската јавна сцена? Успешни музичари, одлични спортисти... Кои се најпознатите браќа на нашата јавна...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg