Наша манекенка, позната по љубовта кон луксузот, се фали со полни ќеси од Chanel и Gucci на патување во Париз
- Детали
- четврток, 23 април 2026
Откако се појави во аутфит од речиси 50.000 евра и тоа го откри во еднo видео, сега Елена Ѓорговска од Струга на патување во Париз се фали со кревет полн парчиња од најпознатите светски брендови.

Елена Ѓорговска од Струга, е една од нашите најпознати манекенки, која кариерата ја гради во странство, а сега е на патување во Париз.
Од летови со прва класа до скапи аутфити, Елена сака раскошен стил на живот, а неретко ги слика и работите со кои се подновила.


Така, овојпат за време на патувањето во француската престолнина, таа го покажа преполниот кревет со чанти, чевли и накит од Chanel, Gucci и низа други најпознати светски брендови.


Елена отвори што има во ќесите и сподели со своите 27.000 следбеници кои модни парчиња ќе бидат дел од нејзините идни аутфити.




