Телевизија, интернет и фиксна линија – три месеци бесплатни пакети од Неотел

(Скопје, 16.03.2017) - Три месеци бесплатно за НеоТрио пакетите е новата и тековна понуда од Неотел. Различните пакети кои се нудат за корисниците, го вклучуваат новиот концепт на интерактивна телевизија neoTV, неограничен интернет и бесплатна телефонска линија, сè во едно. Уникатноста на понудата покрај тримесечниот бесплатен пристап до услугите вклучува и плус достапност до 10 бесплатни филмски канали на Film Box.

televizija-internet-i-fiksna-linija-tri-meseci-besplatni-paketi-od-neotel-2.jpg

„Понудата и промотивниот бесплатен период ги создадовме затоа што ваквите ‘се од едно место’ пакети се навистина погодни за корисниците и податливоста на понудата е веќе потврдена. Затоа и сакаме да ја направиме подостапна за граѓаните, а со промотивниот период им овозможуваме преку сопственото искуство да можат да се уверат во квалитетот на услугата и содржините што ги обезбедуваме“, велат од компанијата.

Дополнителната погодност на понудата е тоа што neoTV услугата ја овозможува опцијата за гледање ТВ, снимање, паузирање и премотување на кој било уред, каде и да сте. AndroidТМ уредот го претвора телевизорот во мини-компјутер со што корисникот добива неограничен пристап до сите андроид апликации и бесплатни содржини на интернет.

НеоТрио понудата е достапна во повеќе пакети во зависност од варијациите во бројноста на каналите, достапноста на различните ТВ пакети, типот на интернет пристап, стандарден или оптички, како и вклучените разговори кон останатите фиксни мрежи.

televizija-internet-i-fiksna-linija-tri-meseci-besplatni-paketi-od-neotel-1.jpg

Би можело да ве интересира:

Охриѓанка со потег за поздрав: „Нудам бесплатен одмор за родители со деца со посебни потреби кои нем... Браво, ни требаат повеќе „Зорици“ во Македонија! Жена понуди бесплатно сместувањ...
Од 15 јуни на лентите означени со MTAG нема да може да се поминува со MCARD Важно известување до корисниците на наплатните станици. Јавното претпријати...
Ивона Јо истрча трка во чест на починатиот татко: „Се надминав себе и своите стравови“ „После трката ми пристапија жени, девојки кои ми кажаа дека сум трчала и за нивн...
Ново телевизиско шоу во Македонија - „Вечер по 8 со Миро“ на Алфа телевизија Телевизискиот простор во Македонија добива свежина, динамика и ново вечерно ТВ и...
Дејан Манасков стана татко - еден месец по свадбата сопругата Билјана роди син Веста за раѓањето на бебето ја сподели Тамара Тодевска, на која Дејан ѝ е кум. Т...

Најчитани неделава