Охриѓанка со потег за поздрав: „Нудам бесплатен одмор за родители со деца со посебни потреби кои немаат можности“
- Детали
- среда, 29 април 2026
Браво, ни требаат повеќе „Зорици“ во Македонија! Жена понуди бесплатно сместување за летен одмор на родители со деца со посебни потреби, кои не се во можност да одат на летување. Вакви приказни сакаме да слушаме! „Ти подаруваш надеж“ е еден од коментарите.

Зорица Спасовска од Охрид е жена што ни ја враќа вербата во добрината на луѓето. Таа направи хуман потег за поздрав.
На својот Фејсбук профил понуди бесплатно сместување за родители со деца со посебни потреби, кои не се во можност да одат на одмор/летување.

Нејзината објава гласи:
„До сите родители кои имаат деца со посебни потреби, а не се во можност да одат на одмор/летување:
Можете да дојдете кај нас во нашите апартмани кои се веднаш до самата плажа во с. Трпејца, Охрид. Сместувањето е бесплатно.

Слободни термини: од 05 мај до 05 јули.
Телефон за контакт: 071 656 861 – Зорица“.


Еден од коментарите на овој потег гласи:
„За жената чија душа е поширока и помирна од самото Охридско Езеро. Ти не подаруваш само сместување, ти подаруваш надеж, топлина и верба во луѓето.
Во светот каде што често се гледа само личниот интерес, ти стоиш како светилник на добрината, докажувајќи дека љубовта е најголемиот дар што можеме да го споделиме.
Твоето срце е пример, а твоите дела се чиста светлина“.
С. С. | Црнобело