Детски игралишта во дворот: Среќата на децата е нешто најважно!

Детската игра е најважна за психофизичкиот развој на децата. Последниве години тренд е да се имаат детски игралишта со лулашки во дворот изработени од дрво. Семејствата кои имаат простор во дворот задолжително им овозможуваат на своите деца место на кое тие ќе играат и ќе бидат среќни и безгрижни. 

detski-igralishta-vo-dvorot-srekjata-na-decata-e-neshto-najvazno-01.jpg

Преку играта ја развиваат моториката, концентрацијата, а ги развиваат и своите креативни потенцијали. Тоа им помага за полесно совладување на препреките, а се со цел децата да стекнат поголема самодоверба. Кај нас во последно време е се поголем интересот за изградба на игралишта со лулашки во дворот велат од компанијата Гео-Инг. Според нив луѓето стануваат свесни за тоа дека нивните најмили не може да седат цело време покрај компјутер, и дека таквиот начин на живот не е здрав, и создава мрзливи, несигурни, и несоцијализирани деца. Игралиштата што ги создава компанијата Гео-Инг се безбедни изработени од квалитетно дрво, по дизајн прилагоден на желбите на децата и нивните родители. Компанијата изработува и саемски куќарки, како и мали куќички за домашните миленичиња.

detski-igralishta-vo-dvorot-srekjata-na-decata-e-neshto-najvazno-2.jpg

Игралиштата изработени од дрво се стабилни, долговечни, а исто така не треба да се заборави и нивната естетска вредност. Квалитетот на дрвото како градежен материјал е неоспорен, и доколку дрвото правилно се одржува, животниот век е многу долг. А градењето со дрво е работа на Гео-Инг.

detski-igralishta-vo-dvorot-srekjata-na-decata-e-neshto-najvazno-3.jpg

Би можело да ве интересира:

Астрологот Зоран Крстевски: „Станав самохран татко кога децата имаа 3 и 6 години, се видов во наталн... „Кога седнавме да ѝ ја направам наталната карта, се видов себеси во неа. Анализи...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
Потресна сцена од Крива Паланка: „Стоеше 5-годишно девојче на студот, босо по влечки, беше ненаметли... „Денес пред маркет во Крива Паланка стоеше девојче од 5 години, помагаше со коли...
Млади деца од Струмица ја свират и пеат „Громови на душа“: „ДНК ја пееја за Тоше, а сега ние за сите... „Денес тие громови навистина одекнуваат од тагата. И како да не беше доволна ова...

Најчитани неделава