Новата платформа Expert TV нуди експертско знаење спакувано во кратки видеа

Замисли си платформа која во секој момент, брзо и лесно ќе ти овозможи пристап до експерти и нивното знаење, презентирано преку кратки видеа достапни на твојот телефон и на веб. Платформа која ќе ти одговори на комплексни прашања, како на пример: Кога и зошто се прави ПАП тест? Дали постојат невидливи протези? Како се одржува папоче кај новороденче? Дали да се вежба наутро или навечер?

novata-platforma-expert-tv-nudi-ekspertsko-znaenje-spakuvano-vo-kratki-videa-001.jpg

Нормално, во оваа дигитална ера, за ваков тип на прашања одговорот најпрво се бара на Интернет. Но, оваа неизмерна достапност до информации што ја овозможува Интернетот не значи и нивна точност, релеватност и валидност.

Сомнежот во изворот на информациите достапни по форумите, Facebook групите или Youtube се мотивацијата во креирањето на нов медиум за пренесување на бесплатно, точно и проверено знаење.

Овој проблем и неговото решение е предизвикот што го презема новата видео платформа за споделување на знаење, Expert TV!

Expert TV има мисија да го генерира и пренесе експертското знаење, и да го направи достапно за секого. 

Оваа видео платформа е креирана од реалната потреба за проверени информации, презентирани од искусни експерти докажани во пракса и признаени од релевантни институции.

Истовремено, Expert TV има цел да го пренесе ова знаење бесплатно и да овозможи негов пристап и од страна на луѓе кои не можат да си го дозволат. 

“Потврдено знаење или релевантна информација се посебно потребни во ситуациии поврзани со нашето здравје или здравјето на нашите најблиски. Па така, бременоста на мојата сопруга е инспирацијата за потребата од Expert TV” - вели еден од основачите, Нијази Исмаил.

Платформата намерно потенцира видеа, со цел користење на овој формат во одговори за кои требаат демонстрации, а и поради едноставноста за споделување и консумирање на видеата во споредба со комплексноста за објаснување на одредени прашања преку текстуалните содржини.

“Со помош на Expert TV научивме Кои вежби се препорачуваат во бременост? Како се чисти папоче? Како се бања бебе? прашања чии одговори може да ги прифатиме и примениме само доколку се презентирани од експерти “ - додава Нијази.

Expert TV во својата прва верзија нуди видеа во категории најмногу поврзани со медицина, но има амбиции да понуди најразлични видео знаења за кои корисниците имаат потреба.

novata-platforma-expert-tv-nudi-ekspertsko-znaenje-spakuvano-vo-kratki-videa-2-2.jpg

За да почнеш да ја користиш платформата Expert TV, преземи ја Андроид мобилната апликација, посети го порталот www.crnobelo.com каде е овозможена интеграција со платформата или предложи експерт на Facebook страната на Expert TV.

Би можело да ве интересира:

Аеродромци се жалат на музиката од Тоше која свири 12 часа на ден на „Детска улица“: „Убаво е за мин... „Видеото е снимено денес, недела, во 9 часот наутро. Некој можеби ќе рече: „Па у...
Тоа што ќе правите денес, ќе ве следи цела година - Народни обичаи и верувања за Св. Игнат кај нас Сигурно сте слушнале за народното верување дека тоа што ќе го правите на 2 јануа...
Дизајнерот Златко Јовановски во џелаба на одморот во Тунис: „Сакам да сум облечен како локалците“ „Понекогаш сакам да бидам облечен како локалците“ - напиша Златко на Инстаграм и...
Миа Костова: „Верувам во Господ, вербата не е снимање крстови и миси во цркви - тоа е интима“ „Се каам за неколку работи кои не вклучуваат интервенции, на пример, некои тетов...
Миа Костова за воспитувањето на синот: „Не сум од оние фините мајки што објаснуваат додека детето де... „Многу сум слаба на него, многу му допуштам сè, но... се знае кој е мајка кој де...
Мартин од „Некст тајм“ со емотивно видео за првиот роденден на ќерката: „Една година бескрајна среќа... Мартин сподели семејни снимки кои досега не беа јавно објавени - од моментот ког...

Најчитани неделава