„Има Излез!“ Кампања на БОРКА и Пи Ворлд за борба против ракот во Македонија

По повод 10 годишнината од своето формирање, здружението БОРКА заедно со креативната агенција Пи Ворлд ја започна кампањата за подигнување на свесноста за  ракот, со цел да им укажат на граѓаните за сериозноста на овој проблем,  да ги поттикнат властите и здравствените институции да превземат активности во насока на решавање на овие живото-загрозувачки проблеми.

ima-izlez-kampanja-na-borga-i-p-world-za-borba-protiv-rakot-vo-makedonija-001.jpg

Во кампањата главни ликови се членки од БОРКА, жени оперирани од рак, кои прв пат ја отворија својата душа пред јавноста и проговорија за стравот, болката, неизвесноста, но и за надежта,  истрајноста и храброста да се соочат со дијагнозата и преку пораки изразија благодарност до оние кои биле покрај нив во текот на лекувањето.

 “БОРКА веќе 10та година помага и дава поддршка на пациентите и нивните семејства. Истовремено работи на подигнување на свесноста за оваа болест, информира и врши едукација на населението, лобира кај властите за подобрување на квалитетот на живот на пациентите заболени од рак, но за жал, сугестиите за промени тешко допираат до надлежните, но и до народот. Секогаш тоа е нешто кое му се случува на некој друг. Но, ракот не е болест на индивидуата, туку тоа е болест на целото семејство. Тоа е болест на целото општество и потребна е масова мобилизација на сите чинители во општеството за да може да се променат бројките и да се спасат повеќе човечки животи, бидејќи во моментов, Mакедонија е една од водечките земји во светот по смртност од рак – трета во Европа”, вели Биба Додева, Претседател на здружението.

ima-izlez-kampanja-na-borga-i-p-world-za-borba-protiv-rakot-vo-makedonija-02.jpg

ima-izlez-kampanja-na-borga-i-p-world-za-borba-protiv-rakot-vo-makedonija-01.jpg

Во Македонија, 20 нови пациенти се дијагностицираат со некаков вид на рак , а 13 пациенти  од рак умираат дневно во Македонија.

Би можело да ве интересира:

Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
Се породи сопругата на дечкото со картони Бомбакис - доби второ дете, по борбата со ракот Кристијан Станковски - Бомбакис, или Бомба, за себе вели дека се занимава со мно...
Александар Динев: „Некогаш ми беше срам да кажам дека сум дете од село, но никогаш нема да заборавам... „Пораснав во с. Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете...
Уште една хероина заѕвони на Детската клиника во Скопје облечена како принцеза – малата Амина ја поб... Облечена како Елса, во син фустан, со перика со плетенка, круна на главата и маг...
Горан Папаз ја возвишува сопругата за годишнината, откако му роди 3 деца: „Ти си повеќе од тоа што с... „Не знам на каков начин да ти покажам колку те сакам, освен дека те сакам повеќе...

Најчитани неделава