Училиштето „Нова“ одбележува две децении јубилеј со изложба на дела од 20 поранешни ученици

Меѓународното училиште „Нова“ утре (четврток, 1 јуни) во 20 часот во Музејот на град Скопје ќе одбележи две децении постоење со изложбата „Сеќавања“ на која ќе бидат претставени дела од ученици кои низ годините образованието го стекнале во оваа институција. Присутните ќе може да погледнат дела на 20 автори од различни генерации кои по заминувањето од „Нова“ својата универзитетска диплома ја имаат добиено во сфери кои се директно или индиректно поврзани со уметноста.

ucilisteto-nova-odbelezuva-dve-decenii-jubilej-so-izlozba-na-dela-od-20-poranesni-ucenici-1.jpg

Изложбата се реализира под водство на професорката по ликовна уметност, д-р Марјана Костојчиноска Узунчева, а следниот ден по отворањето на „Сеќавања“ ќе се одржат и работилница и предавање. На 2 јуни во 11 часот магистер Милош Б. Андоновски кој е професор по театарска уметност во „Нова“ ќе одржи предавање на тема „ Влијанието на театарското образование врз развојот на личноста кај средношколците или Зошто да се воведе театарско образование во средните училишта во Македонија“. Истиот ден во 12 часот, професорот по фотографија во оваа образовна институција Дарко Петровски ќе одржи работилница за естетиката на фотографијата.

ucilisteto-nova-odbelezuva-dve-decenii-jubilej-so-izlozba-na-dela-od-20-poranesni-ucenici-2.jpg

- Во изминатиов период, генерации на наши ученици покажаа извонредни

достигнувања креирајќи своја уникатна уметност. Избраните дела претставуваат прозорец кон нивните лични, интимни ставови и согледувања, изразени преку културниот идентитет, современите политички и социјални ставови – истакнуваат од училиштето „Нова“.

ucilisteto-nova-odbelezuva-dve-decenii-jubilej-so-izlozba-na-dela-od-20-poranesni-ucenici-3.jpg

Дел од авторите чии дела ќе бидат изложени се: Виктор Ивановски кој има дипломирано на Шеридан колеџ, Генц Ислами Бела од Училиште за визуелни уметности, Марија Ангеловска и Симона Кицуровска од Хогескул вор де Кунст во Утрехт, Тамара Гроздановска од ФОН, Моника Новковиќ од ТУ Делфт, Кристина Лозановска и Наташа Азманова од Архитектонскиот факултет и Александра Шекутковска од ЕТХ Цирих – Архитектонски факултет. Присутните ќе погледнат и слики од: Ива Спасовска од ЕСРА, Георги Малински Унковски од ФАМУ – Институт за театрологија во Цирих, Емили Перкинс од УКЛА, Сара Ислам и Беркин Ислам од Асоцијацијата на архитектура – Училиште за архитектура, Владимир Воиновски од Колеџот за уметност во Лидс, Михаела Стојановска од Академија Италијана, Ана Јакимовска од Факултетот за драмски уметности, Дона Урдин од Гномон училиште за визуелни уметности, Мари Јанева од Кралската академија за уметности во Хаг и Лабин Новаков од Отис училиштето за уметности и дизајн во САД.

ucilisteto-nova-odbelezuva-dve-decenii-jubilej-so-izlozba-na-dela-od-20-poranesni-ucenici-4.jpg

Би можело да ве интересира:

Катарина Ивановска, Атанас Атанасовски - Кои познати Македонци имаат првачиња? Први септември - денот кој им носи најголема радост и возбуда на првачињата, кои...
Летното сметање на времето почнува викендов - Во недела ќе спиеме еден час помалку Летното сметање на времето почнува во последниот викенд во март, кога часовникот...
Тоа што ќе правите денес, ќе ве следи цела година - Народни обичаи и верувања за Св. Игнат кај нас Сигурно сте слушнале за народното верување дека тоа што ќе го правите на 2 јануа...
Јанг Дади им дојде на приредба на децата од неговото основно училиште - ја пееја „Лидија“ на цел гла... „Не можев да ја одбијам поканата од моето основно училиште „Коле Неделковски“, о...
Нашиот тату артист Горан Миќиќ направи тетоважи уметност во САД „Ова не е само патување низ Америка. Ова е патување низ уметноста, идентитетот и...
Емотивно видео од училиште во скопско Јурумлери: Полуматуранти и првачиња прават смена на генерации ... „Кој се сетил на ова секоја чест“ / „Браво, поубаво нешто немам видено“ – комент...

Најчитани неделава