Емотивно видео од училиште во скопско Јурумлери: Полуматуранти и првачиња прават смена на генерации и се поздравуваат

„Кој се сетил на ова секоја чест“ / „Браво, поубаво нешто немам видено“ – коментираат на видеото од скопско основно училиште, на кое полуматуранти излегуваат и се поздравуваат со првачињата кои влегуваат во училиштето, правејќи смена на генерации, а оттаму напишаа: „Кругот на животот“.

emotivno-video-od-uchilishte-vo-skopsko-jurumleri-polumaturanti-i-prvachinja-pravat-smena-na-generacii-01.jpg

Основното училиште „Његош“ – Јурумлери, кое спаѓа под скопската општина Гази Баба е мултиетничко, мултиконфесионално рурално училиште.

На нивните страници на социјалните мрежи тие редовно ги објавуваат активностите на училиштето, а нивното последно видео вирално се споделува.

На снимката се гледа како полуматуранти излегуваат од училиштето и еден по еден се поздравуваат со најмалите дечиња кои влегуваат во објектот и тука ќе го започнат својот образовен процес.

emotivno-video-od-uchilishte-vo-skopsko-jurumleri-polumaturanti-i-prvachinja-pravat-smena-na-generacii-02.jpg

Видеото кое прикажува смена на генерации, предизвикува многу емоции, а во описот од училиштето напишаа: „Кругот на животот“.

Во коментари сите се воодушевени од идејата и реализацијата, а дел од пофалбите кон училиштето гласат:

„Поубаво нешто немам видено, респект за идејата“.

„Смена на генерации, емотивно. Среќно на големите во светот на големите и среќно на малите во нови предизвици и раснење во големи луѓе“.

emotivno-video-od-uchilishte-vo-skopsko-jurumleri-polumaturanti-i-prvachinja-pravat-smena-na-generacii-03.jpg

„Браво, преубаво видео полно емоции“.

„Кој се сетил на ова секоја чест, ова е преубаво“.

Погледнете го видеото: 

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мартин (36) од Скопје: „Роднина на улица ме праша дали сум се средил - Не, не се оженив и немам деца... „Како си ти, се среди ли?“ - Ова беше прашањето што го добив завчера од еден чов...
Николче од Скопје ја запроси саканата Ангела во Св. Наум: „Заедно сме 7 месеци, ѝ се насолзија очите... „Кога стигнавме до местото каде што ме запроси, сè изгледаше како сцена од роман...
Пајак за пелтечењето: „Не можев да речам мама - таа ме научи да зборувам, имавме многу непреспани но... „Со момиче се среќаваш првпат, не можеш да збориш, не знам како да ти го опишам....
Полуматуранти од скопско училиште со кул видео: „Првпат влеговме со ранци поголеми од нас, сега изле... Кул видео од скопско училиште - влегуваат во училница како првоодделенци, излегу...
Тони Зен доби ќерка, Ивона Јо го загуби таткото - По што ќе ја памтат познатите Македонци 2025? „Мислам дека ќе биде тешко за било кој од нас годинава да ја запамти по нешто др...
Стефан Лазаров: „Сакам да ме гледаат како лик кој немал ништо во животот и создал сè сам во својата ... „Некој ќе каже во Македонија сме такви (критикуваме). Не, не, секаде е така. Дур...

Најчитани неделава