Започнува пријавувањето на бесплатната Еуролинк летна балетска школа

Скопје, 9 јуни 2017 г. - Четврта година по ред, Еуролинк осигурување во рамките на платформата за Корпоративно општествена одговорност, „Еуролинк – вашата врска со вистинските вредности“, ја организира бесплатната балетска школа за деца на возраст од 7 до 12 години. 50 девојчиња и момчиња ќе имаат можност да ги изучат основните чекори на балетската игра, развивајќи ја координацијата на движењето, слухот, чувството за ритам, убавината на движењето и дисциплината. Балетската бесплатна школа организирана од Еуролинк осигурување претставува еден од начините да се регрутира идната балетска публика, но и можност за рано насочување на деца кои имаат талент да се бават со сценска игра.

zapocnuva-prijavuvanjeto-na-besplatnata-eurolink-letna-baletska-skola-01.jpg

Летната балетска школа ќе трае три недели, учесниците ќе бидат поделени во две групи, започнувајќи од 26.6.2017 г. до 17.7.2017 г. секој понеделник, среда и петок, со почеток од 18.00 и 19.00 часот, во просториите на  Булфог Балетско училиште , ул. „Миле Попјорданов“ бр. 68-кула 12,  под менторство на Горан Божинов, педагог и првенец на МОБ.

Родителите можат да ги пријават своите деца од 9 до 16 јуни на електронската адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., со испраќање на следните податоци:  Фотографија од детето,  возраста на детето, неговата тежина и висина и број на балетанки, информација за претходно балетско искуство и контакт телефон од родителот.

Еуролинк осигурување на сите учесници ќе им обезбеди бесплатна балетска униформа.

Бесплатната балетска школа на Еуролинк е активност во рамките на програмата за општествена одговорност на компанијата: „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“, преку која годишно се реализираат повеќе проекти од областа на образованието, културата и уметноста во Република Македонија.

Би можело да ве интересира:

„Заедно сме од деца“ - Олгица Тодорова (24) oд Кочани имаше магично запросување на Лефкада од сакани... „Нашата љубовна приказна трае речиси една деценија. Заедно сме уште од деца и ни...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
Јелена Спенџарска го посети родното село на баба ѝ: „Куќата кај што се родила уште се ‘држи’ некако“ „Замислете оваа жена до мене тука создавала пријателства, плачела, учела, си игр...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
Кристина Арнаудова револтирана откако обезбеди летување за 26 деца: „Аплаузи се резервирани за оние ... „Мојот живот веќе 11 години е воглавно ова. Борба за секоја една донација. И за ...
Актерот Висар Вишка се венча со саканата, 3 години откако го добија првото дете - невестата со косту... Актерот Висар Вишка стапи во втор брак, а со саканата Мерима се венчаа во Скопје...

Најчитани неделава