Среќните добитници од големата наградна игра на СКОПСКО ги подигнаа возилата

srekjnite-dobitnici-od-golemata-nagradna-igra-na-skopsko-gi-podignaa-vozilata-01.jpg

Среќен добитник на VW California Beach RV е Благој Хаџиски од Неготино, а VW Polo ќе вози Денис Наќевски од Велес.

Во текот на наградната игра, која траеше 8 недели или 56 дена, почнувајќи од 9 април до 4 јуни, беа доделени 672 пакети СКОПСКО, 56 сетови за скара, 56 пикник маси, 8 фудбалчиња и 2 возбудливи главни награди.

Во главното извлекување на 5 јуни учестуваа сите испратени кодови, односно сите претходно ненаградени капачиња. Од 250.000 испратени кодови во текот на наградната игра, Денис и Благоја имаа среќа да ги возат главните награди.

„Иако испратив 200 пораки, кога ми се јавија од Пивара Скопје да ме известат дека сум добитникот на VW Polo отпрвин не верував! Мислев дека некој од другарите се шегува  со мене. Многу сум среќен за наградата! Посебно ми е драго што денот кога го испратив добитниот код, беше денот кога славевме годишнина од брак со сопругата. Polo-то ни дојде како подарок кој не го очекувавме и двајцата.“ - вели Денис, добитникот на VW Polo.

Кампер возилото VW California Beach ќе го придружува семејството Хаџиски од Неготино на сите нивни следни патувања и доживувања.

“Целото семејство се радува, сите уште нè „држи“ возбуда. Животот е чудо! Со сопругата живееме во семејната куќа во Неготино, а изградив и викендица во Пехчево, сам со свои раце, без помош од мајстори. Сега со комбето за кампување, ќе имаме и една подвижна куќа и ќе уживаме сите“ – вели радосно Благој, добитникот на VW California Beach.

Пивара Скопје им честита на сите добитници во големата СКОПСКО наградна игра, а на двајцата среќни добитници на главните награди им посакуваме многу поминати километри изразени во безгрижни патувања околу светот.

За повеќе информации посетете ја веб страницата: www.SKOPSKOZANAS.mk

srekjnite-dobitnici-od-golemata-nagradna-igra-na-skopsko-gi-podignaa-vozilata-04.jpg

srekjnite-dobitnici-od-golemata-nagradna-igra-na-skopsko-gi-podignaa-vozilata-03.jpg

srekjnite-dobitnici-od-golemata-nagradna-igra-na-skopsko-gi-podignaa-vozilata-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Сопругата на Андреј од ДНК објави емотивен спомен од него со ќеркичката - тој вели: „Мавни ѝ со рака... Наталија на Инстаграм Стори прво сподели емотивно видео со инсерти од кобната но...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Сопругата на Андреј ДНК со болно сеќавање: „Не сакав да влезам да го препознаам, им кажав не знам да... „Ги замолив да не ме форсираат... Препознавањето го изврши најдобриот другар на ...
Вирална објава на Македонка: „Кога доаѓаш да живееш во зграда, дали доаѓаш од пештера или нива, треб... „Во зграда не го лупаш лифтот, не пушиш во лифт, не реновираш дома секој ден пос...
Сопругата на Даниел Кајмакоски: „Никогаш не сме дочекале Нова година заедно, но на сите им посакувам... Даниел Кајмакоски и сопругата Марина објавија празнични фотки од нивниот дом, ка...
Горан Папаз ја возвишува сопругата за годишнината, откако му роди 3 деца: „Ти си повеќе од тоа што с... „Не знам на каков начин да ти покажам колку те сакам, освен дека те сакам повеќе...

Најчитани неделава