Културата на дланка со Еуролинк осигурување

Започна пријавувањето за туристичката прошетка под наслов „Мапа на културата“ организирана од Еуролинк осигурување со посета на манастирот „Св. Јован Бигорски“.

kulturata-na-dlanka-so-eurolink-osiguruvanje-001.jpg

Скопје, 5.9.2017 год., Еуролинк осигурување, во рамките на платформата за Корпоративно општествeна одговорност „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“, чија цел е поддржување и афирмирање на македонската култура, уметност и образование, веќе четврта година по ред организира бесплатна туристичка тура насловена како „Мапа на културата“.

Манастирите се секогаш одлична дестинација за прошетка бидејќи претставуваат дел од нашето културно и историско наследство кое несомнено треба да го познаваме. Сместен  во недопрените планински убавини, далеку од градската врева, опкружен  со прекрасното шаренило под падините на Бистра, во недопрената природа која плени со сиот свој спокој, близу до бистрите води на реката Радика, ќе ве пречека манастирот „Св. Јован Бигорски“, кој е посветен на светиот Јован Крстител. Манастирот бил изграден во далечната 1020 година на бигорна подлога, од каде што го добива и своето име.  Централното место во манастирскиот комплекс претставува манастирската црква посветена на светиот  Јован Крстител. Манастирот е  познат и по надалеку прочуениот иконостас, кој бил изработен од резбарите од Дебарската и Мијачката школа .

Целодневната прошетка на манастирот „Св. Јован Бигорски“ претставува несекојдневна можност одблиску да се запознаеме со убавините на ова древно светилиште со несекојдневна архитектура, кој претставува белег на нашата историја, и воедно да се искористи можноста преку прашања и дискусии да се откријат преданијата за тајните на Бигорскиот манастир.

Со реализација на овој проект, Еуролинк им овозможува на стотина граѓани на Република Македонија да дознаат повеќе за културните богатства на нашата држава и подигање на свеста кај пошироката јавност за сопственото културно и археолошко историско наследство. Туристичките прошетки кои се дел од проектот „Мапа на културата“ се реализираат во неколку етапи во текот на целата година.

Сите заинтересирани граѓани, без разлика на возраста, ќе може да се пријавуваат од денес до 12.9.2017 год на следната електронска адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., со испраќање генералии: име и презиме, возраст, контакт-телефон.

Еуролинк осигурување ги покрива сите трошоци за организација на настанот. Еднодневната екскурзија ќе се одржи на 16.9.2017 год. (сабота) со поаѓање во 8.30 часот, на паркингот пред  Дрво декор спроти„Холидеј Ин“.

Би можело да ве интересира:

Елвир Мекиќ: „Бев фан на Магија, со 57-ца стигнав во Радишани и заѕвонив на врата кај Јован за да ми... „Тогаш првпат во животот отидов во Радишани. Прашав каде живее Јован и ми ја пок...
Слаткар на концерт во Банско се дружеше со Јован, кој спаси 20 деца во Кочани: „Со херојот“ Ова не е прва средба на Слаткар и Јован. Кога пред неколку месеци пееше во клуб ...
Денес е Иванден – се слави раѓањето на Јован Крстител, еден од најважните светци во христијанството На Иванден се слави раѓањето на Јован Крстител, личноста што го крстила Исус во ...
Јован Јованов искрено проговори за бившата сопруга и за ќерката (13), што живее во Торонто: „Двајцат... „И по разделбата успеавме да го задржиме коректниот однос. Кога едниот сака, а д...
Миа Костова со синот: „Пред 10 години во Охрид со старките за кои собирав пари и ги носев само ако з... Миа Костова за тоа како се справувала како самохрана мајка и го растела Андрија ...
Бобан од Куманово ја запроси Јована за време на авионски лет кон Германија, со помош на стјуардесите... „Имам брат и снаа кои живеат во Германија и се имавме договорено да oд...

Најчитани неделава