Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Бимилк им посака сладок почеток на школувањето на првачињата ширум Македонија

Традицијата вели дека за почетокот на учебната година, првачињата добиваат нешто слатко за лесно да им оди учењето.

bimilk-im-posaka-sladok-pocetok-na-shkoluvanjeto-na-prvacinjata-shirum-makedonija-001.jpg

Посакувајќи им сладок, забавен и успешен пат во светот на образованието, Бимилк им подари чоколадно млеко „Моја Кравица“ на над 2.700 првачиња во 28 училишта од 10 градови во Македонија.

Во акцијата за подарување на омиленото чоколадно млеко на првачињата, опфатени се вкупно 28 училишта низ цела Македонија, меѓу кои се и Скопје, Битола, Прилеп, Охрид, Куманово, Тетово, Гостивар, Струмица, Штип и Велес, а од компанијата велат дека нивната цел била да израдуваат колку што е можно повеќе деца со овој мал но сладок гест.

„Компанијата Бимилк им го честита почетокот на школувањето на сите првачиња, како и почетокот на учебната година на сите ученици. Имајќи ги секогаш среќните детски лица во нашиот фокус, одлучивме почетокот на учебната година да го искористиме како повод за уште една насмевка, да им посакаме многу успех и сладок почеток во учењето и да ги потсетиме дека пиењето млеко игра значајна улога во нивниот раст и развој“, рече Полексена Јанкуловска, маркетинг - менаџер во Бимилк.

bimilk-im-posaka-sladok-pocetok-na-shkoluvanjeto-na-prvacinjata-shirum-makedonija-4.jpg

Со полниот вкус на вистинско чоколадо во комбинација со најквалитетното млеко и без конзерванси, чоколадното млеко „Моја Кравица“ со години претставува омилена слатка напивка за сите генерации, а истовремено е и идеално решение за внесување на потребната количина витамини и хранливи состојки неопходни за правилен раст, развој и нормално функционирање на метаболизмот на децата.

Би можело да ве интересира:

Македонија е на 47-то место на листата за најдобра национална кујна во светот - Кои се нашите топ 10... Кои се задолжителните работи кои мора да ги пробате од македонската кујна? Како ...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Американец не може да ѝ одолее на нашата храна - јаде гравче тавче, наздравува со ракија во Скопје (... Американецот Џастис, кој го обожава Балканот, со ново вирално видео - во скопска...
16-минутен молк на скопскиот плоштад, тишината никогаш поболна - Собир за почит кон жртвите на пожар... Ѕвездено небо за 59-те прерано згаснати животи, 16-минутен молк за жртвите од по...
Ирина Камилоска: „Се породив природно на ГАК, качив 15kg во втората бременост - не е лесно со две де... „Јосиф го родив побрзо од Лена. Иако перијакално свртен, на бокс раѓањето траеше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg