Макпрогрес од Виница ја презема Дониа од Прилеп

Македонскиот производствен гигант на кондиторските производи Макпрогрес ДОО од Виница потпиша договор за стопроцентно преземање на кондиторската фабрика Дониа, со седиште во Прилеп.

makrpogres-od-vinica-ja-prezema-donia-od-prilep-001.png

Преземањето на кондиторската фабрика Дониа со својата палета на препознатливи бомбони, бисквити и кекси со врвен квалитет, претставува зајакнување на брендираниот асортиман на Макпрогрес и додатен импулс во интернационализација на бизнисот. Асортиманот на Дониа е присутен на македонскиот пазар, а половина од неговото вкупно производство се извезува на пазарите вон регионот.

„Понатамошниот развој на компанијата и производите во асортиманот бараат значителни инвестиции и во тој поглед Макпрогрес е сериозен соговорник кој ја разбира природата на нивната работа, начинот на кој работат, вредноста на брендовите, но и потребата од континуирано вложување во нови и подобрени развојни линии. Макпрогрес како стратешки инвеститор совесно ќе управува со брендовите на Дониа, ќе работи на развивање на продуктното портфолио и ќе ги унапредува пазарните позиции“ - изјавија од Макпрогрес.

Макпрогрес детерминирано ќе се труди да ги зголеми интернационалните потенцијали на Дониа, чиј асортиман е исклучително комплементарен со асортиманот на брендот Vincinni и со помош на својата дистрибутивна мрежа и бескомпромисна определба за врвен квалитет, ќе овозможи конкурентност на пазарниот натпревар во глобални рамки, што отвора огромен простор за значителни синергии и унапредување на позицијата на сите бреднови во продуктното портфолио.

makrpogres-od-vinica-ja-prezema-donia-od-prilep-2.jpg

“Производите на Дониа се вистинска скапоценост во кондиторското производство и амбасадор на квалитетот на автентичното домашно производство на светскиот пазар. Овој бренд има значителен развоен потенцијал и со тоа оваа интеграција ги опфаќа двете цели дефинирани во развојната стратегија на Макпрогрес - ширење на брендираното портфолио и интернационализација на бизнисот“ - додаваат од Макпрогрес.  

Би можело да ве интересира:

Прилеп се претвори во празнична бајка – светлечкa панделкa, кочиja и елка (видео) Осветлувањето на плоштадот во Скопје се очекува денес, а во меѓувреме и Прилеп б...
Годишен хороскоп за 2026: Лав 2026 година за Лавовите носи динамика, важни пресврти и силни лекции на љубовен,...
Игор од Прилеп ја запроси саканата Елена на магична локација покрај езерото Комо во Италија (фото) Игор Јанкоски од Прилеп, информатички инженер, ја запроси саканата Елена Ангелес...
„Мојата преубава сестра, мојата гордост прослави роденден и пензија“ – Калиопи со емотивна објава за... „Овој глас нè милуваше и оплеменуваше на брановите на Македонското Радио. Кога б...
Каролина со носталгија се сети на својата прва насловна: „Имав неполни 13 години, ме сликаа во куќат... „Мислев дека само мојата сакана баба Љупка имаше ваква архива“, напиша Каролина ...
Стефан Лазаров: „Сакам да ме гледаат како лик кој немал ништо во животот и создал сè сам во својата ... „Некој ќе каже во Македонија сме такви (критикуваме). Не, не, секаде е така. Дур...

Најчитани неделава