Publicis Groupe станува лидер во индустријата за маркетинг и дигитални бизнис трансформации

publicis-groupe-stanuva-lider-vo-industrijata-za-marketing-i-digitalni-biznis-transformacii-001.jpg

  • Креирање на Publicis Spine со цел да се обезбеди заедничка трансформација на потрошувачите и претпријатијата
  • Организира алатки за дигитална бизнис трансформација во различни индустрии
  • Ги усогласува DigitasLBi со Publicis Media за беспрекорен пристап до дополнителни скалабилни податоци и медиа ресурси

17 октомври 2017 - ПАРИЗ - Publicis Groupe [Euronext Paris FR0000130577, CAC 40] објави три главни иницијативи кои ги унапредуваат амбициите на компанијата да стане лидер на пазарот во маркетинг и дигитални бизнис трансформации.

Првата е создавањето на Publicis Spine, алатка која ги спојува сите податоци, технологии и талент на Publicis Groupe, зајакнувајќи ја уникатната предност на компанијата за водење  и поврзување на  маркетинг трансформацијата и дигиталната бизнис трансформација. Publicis Spine опфаќа три основни компоненти.

1. Унифицирани податоци од 3 различни извори кои ќе овозможат да се создадат единствени идентификациони карти, кои ќе информираат кога, каде и како да се информираат потрошувачите и со каква порака.

2. PeopleCloud, платформа базирана на облак која користи податоци за да ги идентификува изворите на раст на клиентите на индивидуално ниво. Оваа “крај-до-крај” платформа комбинира бихевиористичка и семантичка интелигенција, за информирање на медиумите и донесување креативни одлуки, за активација и динамично мерење.

3. Колективната моќ на 3.500 инженери, аналитичари и стратези од целата PublicisGroupe собрана во една централизирана база на податоци и анализи, ќе им помогне на клиентите да ги претворат податоците во бизнис решение.

Publicis Groupe со оваа трансформација креира нова ера во маркетинг и дигиталниот бизнис, создавајќи уникатна и софистицирана платформа за комуникација со потрошувачите. Пристапот до овие ресурси ќе имаат клиентите на Publicis Groupe низ различни локации, вклучувајќи ја и Македонија, овозможувајќи им да го развијат нивниот бизнис и категорија.

"Ова се следните природни чекори во развојот на нашиот модел. Кои водат кон понатамошно зајакнување на способноста за маркетинг и бизнис трансформација и, што е најважно, остануваме тесно меѓусебно поврзани, поттикнати и охрабрени од сите наши експертизи" - изјави Arthur Sadoun. „Во денешниот свет, брендот е искуство, а искуството е бренд" - изјави Steve King. "Овие способности ќе ни помогнат да ги ослободиме нашите потенцијали, со цел да овозможиме развој на нашите клиенти и да креираме подобро искуство за потрошувачите".

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Publicis One Македонија е интегрален дел од мрежата Publicis Groupe [Euronext Paris FR0000130577, CAC 40]  глобален лидер во маркетинг, комуникации и дигитална трасформација. Во своите операции во Македонија обединува широка палета на маркетинг експертизи и ресурси: од стратегиско планирање, бренд конуслтинг, кретивни комуникaциски решенија, медиумско планирање и консултирање, дигитални стратегии, медиумскии и технолошки решенија, до односи со јавност и менаџмент  на настани. На пазарот во Македонијае присутна од 1996 година преку креативните агенции Publicis и Saatchi & Saatchi, и медиумските агенции Zenith и Starcom.

 

Би можело да ве интересира:

Апел од наш доктор: „Ве молам денар да не давате на 'просјаците' во Клинички центар во Скопје, цела ... „Најсиромашните што движат по Клинички Центар во Скопје, скромни стуткани луѓе с...
Ана Марија (22) му кажа ДА на саканиот на брегот на Охридското Езеро: „Кога клекна, се здрвив, ме со... „Кога се свртев, зад мене беа моите сестри, сестрата и зетот на Даниел, старосва...
„Цело време лежиш! Каква мајка си?!“ - Ведран (2), детето со маслинките, со ново хит видео Со сериозен израз на лицето, малиот Ведран од Скопје ја прашува мајка си: „...
Сопругата на Бојан Чунде, кој по скок од педалинка во Охрид останал во количка: „Верував дека тој ќе... „Притисок лично јас не чувствував, затоа што јас никогаш не мислев дека тој ќе о...
„ЖИВОТ ПОВТОРНО“ - Настан организиран од Димитар Радески со цел подигнување на свеста за малигните з... На 19 Април 2026 во НУЦК „Марко Цепенков" - Прилеп ќе се одржи настанот „Живот п...
Миа Костова: „Не се сликам цела на плажа - имам и целулит и стрии, далеку сум од згодна, но задоволн... „Тоа што не се сликам по плажи и не сликам нозе ви е доволен доказ за мојата нес...

Најчитани неделава