Како да станеш „мастер Јода“ во Telekom Fantasy Football?!

Најдобриот менаџер од последното коло на Telekom Fantasy Football е Филип Гиноски! Неговиот тим „Вардар 1989“ успеа да собере одлични 88 поени и да ја освои наградата PlayStation 4 со вклучена игра FIFA18! Еве неколку совети од Филип како да станете “мастер Јода“ во Fantasy Football онлајн играта на Македонски Телеком.

kako-da-stanesh-master-joda-vo-telekom-fantasy-football-03.jpg

“Истражете. Осигурајте се дека сте информирани со сите последни вести за трансфери и перформанс на фудбалерите на натпреварите.

Лесно е само да го одберете вашиот тим од најдобри 11, да одберете формација која ќе одговара на нивните природни параметри и да ги доделите улогите за кои се најпогодни, но треба длабоко да размислите за односите меѓу секој член на тимот.

Откако ќе се уверите дека ги разбирате сите подесувања и команди во апликацијата, системот на бодување, најважното нешто што можете да го направите е да утврдите како и колку ќе го вреднувате секој играч. Тоа значи да направите своја нацрт стратегија.

Направете си своевидно рангирање на играчите и не заборавајте да се држите до тоа кога одбирате кого ќе вклучите во играта. Звучи како банален совет, но навистина е чудно колку често се игнорира оваа практика, па се губи контрола над планот и стратегијата.

Не престанувајте будно да следите. Треба да ги следите дури и повредите на фудбалерите. Доколку знаете кој играчи се во игра, кој ја почнал сезоната во “полна пареа“, можете да ја искористите предността над другите fantasy менаџери чии избрани играчи сезонава “загреваат клупа“.

Изберете добро балансиран тим. Ова се однесува на цените и на тимовите. Осигурајте се дека, изборот на 3-4 скапо платени играчи не е на сметка на остатокот на вашиот тим. Важно е да не се потпрете само на 2-3 играчи кои сметате дека ќе ви донесат многу поени, затоа што една нивна повреда може да значи “повреда и на вашите поени“.

Одбраната не е само одбрана. Додека поголемиот дел од бодовите во одбраната се постигнуваат преку “чист терен и одлични дефанзивни придонеси“, напаѓачите на дефанзивците ќе обезбедат многу повисоки поени. Така што барајте играчи во одбраната кои играат и офанзивна игра. Тоа се обично оние кои играат десно и лево назад и го напаѓаат крилото“, објаснува Филип Гиноски, среќниот добитник на наградата PlayStation 4.

kako-da-stanesh-master-joda-vo-telekom-fantasy-football-02.jpg

Симни ја апликацијата Telekom Fantasy Football, достапна за сите страсни љубители на фудбалот и обидете се да ја заиграте тимската стратегија која ја имате во глава. Со онлајн играта, корисниците на Македонски Телеком имаат уникатна можност да бидат менаџери на најдобрите фудбалери во светот.

Правилата се едноставни. Состави го својот тим од професионални играчи и собирај поени од секој натпревар на Лигата на шампиони. Оној којшто ќе освои најмногу поени во секое коло добива PlayStation 4 и видео игра FIFA18, а најдобриот менаџер за сезоната 2017/2018 добива две карти за големото финале кое ќе се оддржи во Киев наредната година. Апликацијата Telekom Fantasy Football на Македонски Телеком е достапна за корисниците на Андроид на следниот линк, а за корисниците на iOS на следниот линк. До крајот на годинава, љубителите на фудбалот имаат уште две шанси за добивање на PlayStation 4 и на видео игра FIFA18.

Повеќе за Telecom Fantasy Football на следниот линк.

kako-da-stanesh-master-joda-vo-telekom-fantasy-football-01.jpg

Би можело да ве интересира:

„Цело време лежиш! Каква мајка си?!“ - Ведран (2), детето со маслинките, со ново хит видео Со сериозен израз на лицето, малиот Ведран од Скопје ја прашува мајка си: „...
Јелена Спенџарска изреволтирана: „Пред камери мед и млеко им тече од уста, тие се најчесни - Луѓе, з... „Сигурно познавате личности што пред вас се „ми-ми-ми“, „хи-хи-хи“, а всушност с...
Тин ѕвездата Филип Поповски наполни 17 години, Цаци Паковска горда: „Ти си син што го сакам, иако не... „Мој Филип, ти си повеќе од откритие... Секоја твоја изговорена реченица, секоја...
Јелена Спенџарска го посети родното село на баба ѝ: „Куќата кај што се родила уште се ‘држи’ некако“ „Замислете оваа жена до мене тука создавала пријателства, плачела, учела, си игр...
Јован Јованов за музичките почетоци: „Со Магија одевме на часови по танцување, Врчак го запознав на ... „Отсекогаш сум сакал да имам група, не да настапувам сам. Сите мои другари праве...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...

Најчитани неделава