Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Шест тркачи ги бранеа македонските бои на меѓународен крос-кантри натпревар во Чешка

Шест млади тркачи ги бранеа боите на меѓународното училиште НОВА на интернационалниот натпревар по крос-кантри трчање кој се одржа минатиов викенд во Чешка. Во конкуренција на 13 тима и спортисти од училиштата во Прага, Краков, Варшава, Виена, Москва, Минск, Киев, Софија, Сараево и Тирана, нашите спортисти достојно се претставија на големиот натпревар. Тркачите беа основци и средношколци од училиштето, кои си ги измерија силите со своите врсници од други меѓународни училишта.

shest-trkaci-gi-branea-makedonskite-boi-na-megjunaroden-kros-kantri-natprevar-vo-cheshka-01.jpg

Крос-кантри трчањето е интересен спорт земајќи во предвид дека се трча надвор понекогаш и на исклучително ниски или високи температури и по нерамен терен. Настанот во Прага се одржуваше два дена со тоа што првата трка беше со должина од пет километри за средношколците и 3,5 километри за основците, а се одржуваше во шумата зад училиштето – домаќин на настанот, Меѓународното  училиште во Прага.

- Вториот ден учениците се натпреваруваа во едно малечко гратче сместено на 15 минути надвор од Прага. Основците трчаа патека од 2,5 километри, а средношколците од 3,5 километри. Рутите и двата дена беа комбинација на шумски патишта, ридови, нерамна површина, лизгаво земјиште и водени делови. Условите за трчање беа навистина предизвик и соодветни за искусни крос-кантри тркачи, но нашите ученици совршено се снајдоа – појаснуваат тренерите Мелита Ромих и Кристен Финк од училиштето „Нова“.

shest-trkaci-gi-branea-makedonskite-boi-na-megjunaroden-kros-kantri-natprevar-vo-cheshka-04.jpg

Крос-кантри тимот на НОВА тренира два пати неделно и тоа на два различни терени – на кејот на реката Вардар и на патека на Водно.

- Не постои правило кога станува збор за трчање надвор така што може да се тренира на дожд, снег, ветер и на ниски температури. Би било одлично доколку тој тип пристап им е заеднички на сите луѓе. Ние бевме среќни со временските услови оваа година така што не моравме да одложиме ниту еден тренинг поради поројни дождови или неиздржлива жештина – објаснуваaт Ромих и Финк.

Натпреварот беше дел од активностите во рамки на Асоцијацијата на образовни институции од Централна и Источна Европа (CEESA) во која членува и „Нова“.

- Досега немаме слушнато дека има друг тим за крос кантри трчање во училиштата низ Македонија, но можеби има. Сепак ние одлучивме да формираме екипа поради тоа што во рамки на CEESA се нудат опции за ваков тип на натпревари, а и трчањето во Македонија пополека се развива. Би сакале учениците да бидат поактивни и инволвирани во спортови, а трчањето во суштина е основата за речиси секој спорт – посочуваат тренерките.

shest-trkaci-gi-branea-makedonskite-boi-na-megjunaroden-kros-kantri-natprevar-vo-cheshka-02.jpg

Тие додаваат дека трчањето не е воопшто здодевен или пак тежок спорт како што повеќето луѓе мислат.

- Крос кантри трчањето може да биде интересно особено ако трчате во природа. Станува збор за многу едноставен спорт кој нè одржува здрави, во добра форма, ни помага да се ослободиме од стресот, ефтин е и може да се трча на било кое место. Почетниците треба да почнат со комбинација на одење и трчање на рамна површина и пополека да ја зголемуваат тежината на тренингот. Кога еден човек ќе реши да трча сè што му е потребно е патики и желба – додаваат тие.

Ова е трет пат како тимот на „Нова“ учествува на интернационално натпреварување, а по Прага се надеваат на уште многу други меѓународни претставувања и награди.

shest-trkaci-gi-branea-makedonskite-boi-na-megjunaroden-kros-kantri-natprevar-vo-cheshka-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Пере од Нокаут: „Денес ми е роденден - не те славам, не ми се пее, деца изгореа во песната“ „Ова не е објава, туку белег со неколку реда што ме болат. Не ми се пие и пее, н...
Објава на Македонка ги подели мислењата: „Охриѓани мавате со дрва и камења по скопјани, а со скапоти... Темата за односот на охриѓани и скопјани е несицрпна инспирација за коментари го...
Некогашната пејачка Мартина, 7 години по смртта на сопругот: „Помина време ама мене ме боли душата к... Мартина (Димовска) Парапулова во 2015 година стапи со 20 години постар...
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, Дарио Ивановски спортист на годината Скопје (12.11.2024 год.) - Сојузот на спортови на Скопје, денеска по повод ослоб...
Фудбалерот Андреј Лазаров загина во пожарот во Кочани, додека пробувал да им помогне на другите Андреј Лазаров кој играше за ФК Шкупи трагично го изгуби животот во синоќешниот ...
Успешни и популарни: Кои се најпознатите сестра+брат на македонската јавна сцена? Освен што се популарни, делат и иста ДНК. Ова се најпознатите брат + сестра на н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg