Дониа Прилеп наградена за 10 години континуирани општествено одговорни практики

Дониа е добитник на Јубилејно признание за општествено одговорни практики за периодот помеѓу 2007 и 2017 година.

donia-prilet-nagradena-za-10-godini-kontinuirani-opstestveno-odgovorni-praktiki-01.jpg

Министерството за Економија на Република Македонија и Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата (КТООП) на 15 ноември, 2017 година беа домаќини на десеттата јубилејна традиционална годишна манифестација - Националната награда за најдобри општествено одговорни практики на претпријатијата во Македонија, реализирани во текот на последната година. Годинава, пак, по повод јубилејот, покрај регуларните награди, беа доделени и јубилејни, како посебно признание за претпријатијата кои се закитиле со најмногу награди.

Министерството за Економија и КТООП ѝ доделија јубилејно признание на Дониа ДОО - Прилеп за континуирано успешни општествено одговорни практики, во периодот помеѓу 2007 и 2017 година.

donia-prilet-nagradena-za-10-godini-kontinuirani-opstestveno-odgovorni-praktiki-02.jpg

Наградата ја прими Дејан Јованов, претставник од Дониа кој изјави: “Со работата во изминатите години Дониа покажа посветеност кон креирање на позитивно влијание во општеството и животната средина, насочено кон социјална и економска добросостојба. За Дониа овој јубилеј е мотив повеќе за продолжување на традицијата и продлабочување на соработката со деловниот и граѓанскиот сектор во афирмирањето и унапредувањето на практиките на општествената одговорност.“

Неодамна, македонскиот производствен гигант на кондиторските производи Макпрогрес ДОО од Виница потпиша договор за стопроцентно преземање на кондиторската фабрика Дониа, со седиште во Прилеп.

Преземањето на кондиторската фабрика Дониа со својата палета на препознатливи локум, алва, домашни бисквити и кекси со врвен квалитет, ќе биде зајакнување на брендираниот асортиман на Макпрогрес и додатен импулс во интернационализација на бизнисот. Асортиманот на Дониа е присутен на македонскиот пазар, а половина од неговото вкупно производство се извезува на пазарите вон регионот.

Макпрогрес ќе се труди да ги зголеми интернационалните потенцијали на Дониа, како и да ги задржи и развие општествено одговорните практики на делување во македонското општество.

donia-prilet-nagradena-za-10-godini-kontinuirani-opstestveno-odgovorni-praktiki-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Прилеп се претвори во празнична бајка – светлечкa панделкa, кочиja и елка (видео) Осветлувањето на плоштадот во Скопје се очекува денес, а во меѓувреме и Прилеп б...
Игор од Прилеп ја запроси саканата Елена на магична локација покрај езерото Комо во Италија (фото) Игор Јанкоски од Прилеп, информатички инженер, ја запроси саканата Елена Ангелес...
Внукот на Ефто Пупиноски, а син на Секула, се врати да живее од Америка во Македонија по 22 години -... Тој е син на Секула Пупиноски, починатиот македонски пејач, чија песна „Врати се...
Македонската младина за првпат дел од младинското глобално климатско движење Младите од Сееверна Македонија официјално станаа дел од младиснката глобалната п...
Татјана Лазаревска се врати од Австралија, па ја одведе мајка ѝ на иселеничка забава: „Мојата кралиц... Фолк-пејачката Татјана Лазаревска си дојде во родната Македонија по скоро 2 годи...
Иван Јованов: „По операцијата 20 дена не можев збор да изговорам, имам психички проблеми“ „Ми беше шокантно, не можев телефонот да го отклучам, до толку немав сила. Имам ...

Најчитани неделава