Презентирана првата Студија за социо-економското влијание на Пивара Скопје

Со своето работење Пивара Скопје годишно создава 44,6 милиони евра бруто додадена вредност за македонската економија. Околу 6.000 лица во земјава целосно или делумно зависат од генерираниот личен доход во целиот синџир на создавање вредности на Пивара Скопје, која годишно обезбедува 13,7 милиони евра личен доход за своите вработени, како и за вработените во компаниите со кои соработува, што е еднакво на просечната месечна плата на 25.000 лица во земјава.Вкупниот годишен придонес на компанијата во буџетот на земјата надминува 21 милион евра, што претставува 12% од целокупниот данок од добивка во државата за 2016 година. Кон ваквиот придонес на Пивара Скопје се додава и оној на партнерот – TheCocaColaCompany, која само минатата година инвестираше над 1,4 милиони евра во македонската економија.

Pivara studija 1

Ова се дел од индикаторите за учеството на Пивара Скопје во развојот на македонската економија, кои во форма на заклучоци се издвоени во првата Студија за социо-економското влијание на компанијата што беше презентирана во Стопанската комора на Македонија, пред претставници на бизнис-секторот, на институциите на државно и на локално ниво, на академската заедница, дипломатскиот кор во земјата и наорганизации од граѓанскиот сектор. Целта на оваа студија, изработена според научна методологија од реномиранатамеѓународна консултантска куќа „DeloitteSustainabilityConsulting“, е на транспарентен, независен и објективен начин да се одреди и да се прикаже пред целокупната јавност влијанието и значењето што Пивара Скопје го има во развојот на домашната економија и просперитетот на заедница.

Во Студијата, која е прва од ваков вид во земјата, е содржано и дека секое работно место во компанијата придонесува за дополнителни 3,6 работни места во земјата. Пивара Скопје обезбедува работа за 1.000 добавувачи, од кои годишно набавува стоки и услуги во износ од 33,6 милиони евра. Компанијата соработува со повеќе од 13.000 бизнис-ентитети во земјата, со што остварува позитивно влијание врз развојот на повеќе од 15 витални сектори од домашната економија, меѓу кои: земјоделството, трговијата на големо и мало, угостителството и туризмот и други, со што во голема мера влијае врз заживувањето на целокупната економска активност во земјата.

Pivara studija 2

„Формулата за ваквиот успех на Пивара Скопје не е никаква тајна. Тој е резултат на работата и на залагањата на генерации посветени вработени, на квалитетот и интегритетот на нашите производи, на целокупната поддршка што ја добиваме од двете глобални групации на кои им припаѓаме,Coca-Cola HBC и Heineken, и секако на довербата од нашите потрошувачи на кои веќе 93 години им ги нудиме најомилените безалкохолни пијалаци и пива на пазарот“, изјави генералниот директор на Пивара Скопје, Јован Радосављевиќ.„Успехот на компанијата се должи и на силните партнерства што ги градиме со нашите соработници, бизнис-партнери, коморите, државата и нашите потрошувачи. И во иднина ќе продолжиме да вложуваме многу време, енергија и други ресурси во обезбедување одржлив раст на нашата компанија,со што дополнително ќе придонесеме за социо-економскиот развој и просперитетот на заедницата“, заклучи Радосављевиќ.

За придонесот што го има Пивара Скопје за развојот на домашната економија, од експертски агол, но и од аспект на институциите, говореше и заменик-министерот за економија Кире Наумов.„Со сите свои деловни операции, Пивара Скопје стимулира активностишто се протегаат низ целокупниот синџир на вредности, поддржувајќи голем број компании, кои, пак, вработуваат, реализираат приходи и плаќаат даноци, со што се предизвикуваат позитивни ефекти во целокупната домашна економија“, изјави Наумов.

Покрај влијанието што го има врз македонската економија, Пивара Скопје значително придонесува и за продлабочување на соработката во рамките набизнис-заедницата, како и со државните институции и со другите организации.Сметам дека и во иднина, Пивара Скопје, како лидер во домашната индустријата за производство на пијалаци, ќе продолжи да дава силен придонес за развојот на македонската економија, бизнисите и општеството во целина, повторно и повторно победувајќи ги предизвиците на времето“, рече претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, истакнувајќи ја улогата на Пивара Скопје во економијата и пошироко.

Посебен сегмент во Студијата за социо-економското влијание на Пивара Скопје е посветено на реализацијата на големиот број значајни општествено одговорни платформи и напорите за едукација и за подигање на свеста за теми што се исклучително важни за просперитетот на заедницата, во областите какви што се: здравјето и безбедноста, активниот животен стил, умерената и одговорна консумација на алкохол, јакнењето на местото на жената во општеството, обезбедување чиста животна средина и заштита на водните ресурси, како и стекнување знаења и вештини кај младите, со кои тие полесно ќе ги надминат бариерите при вработувањето или ќе отворат свој бизнис. Сето ова докажува дека одржливиот развој на заедницата на која припаѓа е основниот принцип на дејствување на Пивара Скопје.

Целата Студија за социо-економското влијание на Пивара Скопје е достапна на интернет-страницата ПОЛНА ЧАША: www.polnacasa.mk

prezentirana-prvata-studija-za-socio-ekonomskotovlijanie-na-pivara-skopje-05.jpg

prezentirana-prvata-studija-za-socio-ekonomskotovlijanie-na-pivara-skopje-04.jpg

 prezentirana-prvata-studija-za-socio-ekonomskotovlijanie-na-pivara-skopje-06.jpg

prezentirana-prvata-studija-za-socio-ekonomskotovlijanie-na-pivara-skopje-07.jpg

prezentirana-prvata-studija-za-socio-ekonomskotovlijanie-na-pivara-skopje-9.jpg

Би можело да ве интересира:

Ребека ја испеа „Обиди се“, Куку Леле - „Постела рози“ - Кои ѕвезди ни ја разбудија носталгијата од... На концертот ечеа „Ноќна Кралица“, „Спаси ме“, „Фројд е жив“, „По навика“, „Скоп...
Скопје е совршена пролетна дестинација според „The Times“: Фасцинантен град со богата гастрономска к... Реномираниот магазин „The Times“ го опиша нашиот главен град како фасцинантно ме...
Над 252 тони отпад собрани и селектирани во ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2023 - најмасовната еко-акција во земја... Во рамките на еколошката акција Генералка Викенд 2023, што од 12 до 14 мај по тр...
Браво: Македонски средношколци добија 3 бронзени медали на Интернационална олимпијада по хемија Петар Мирчевски од Прилеп, Марио Ванчоски од Штип и Филип Бојаџиевски од Скопје ...
Драгица од Скопје и Марк од Бејрут направија волшебна свадба во Либан: „180 Либанци учеа да играат П... „По свадбата во Скопје, на свадбата во Бејрут имаше само либански обичаи. Марк с...
Македонската инфлуенсерка Никица Ацева откри дека очекува бебе со фотосесија на плажа со партнерот Во бел фустан со саканиот на плажа и со нивниот миленик, Никица Ацева откри: „Ср...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg