„Добредојде“ Macedonia Welcome Center се вклучи во одбележувањето на „Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените и девојките“

Денес во Сити Мол во продавниците на Fashion Group пазарете со попуст за да ја поддржите борбата против насилството врз жените

dobredojde-macedonia-welcome-center-se-vkluci-vo-odbelezuvanjeto-na-megjunarodniot-den-za-borba-protiv-nasilstvoto-vrz-zenite-i-devojkite.jpg

„Добредојде“ Macedonia Welcome Center се вклучи во одбележувањето на „Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените“  кој е во рамките на глобалниот активизам, што ќе трае до 10 декември – Меѓународниот ден на човековите права. По тој повод на 9ти декември од 10 часот до 21 часот  во  Сити Мол, ќе биде поделен промотивен материјал на оваа тема и во соработка со Fashion Group на посетителите  ќе им  биде овозможен попуст од 10 % во сите нивни малопродажните  за потоа дел од средствата да се донира за Шелтер Центар за заштита на жртви од семејно насилство на Организација на жени на град Скопје .

„Почувствувавме должност и голема желба да бидеме дел од годинешното одбележување на „Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените“ , па по тој повод, утре, во трговскиот центар Сити Мол, во текот на денот, ќе поделиме промотивен материјал со цел да ја запознаеме пошироката јавност со оваа проблематика и да ја подигнеме свесноста за борбата против насилство врз жените. Оваа можност ја користам да им се заблагодарам на Fashion Group за соработката со чија поддршка овозможивме попуст од 10% во сите малопродажни места кои се под нивен бренд (Mango, Timberland, Geox, Celio, Springfield, Parfois, Aristoteli, Bitsianni, Okaidi, Bata, Fashion&Friends, Woman’s secret)  со цел да се стимулираат потрошувачите, а понатаму дел од средствата ќе бидат донирани во Шелтерот на организација на жени на град Скопје. Затоа ги покануваме сите посетители да дадат свој придонес и сите заеднички да помогнеме“, вели Емилија Миладинова Аврамчева, претседател и уредник на магазинот „Добредојде“ Macedonia Welcome Center.

Обединетите Нации го прогласија 25 ноември за Меѓународен ден за борба против насилство врз жените, инспирирани од бруталното убиство на сестрите Мирабал, политички активистки во Доминиканската Република во 1960 година.

Не постои земја во светот која не е засегната од овој глобален проблем. Според Светската здравствена организација, 35% од жените во светот се жртви на физичко или сексуално насилство. Во одредени земји до 70% од жените во текот на животот настрадале од сексуално или физичко насилство од страна на својот интимен партнер.

СЗО истакнува дека насилството има долгорочни последици врз психичкото и физичкото здравје на жените. Жените со насилен партнер почесто страдаат од депресија и проблеми со прекумерно консумирање алкохол и почесто се соочуваат со несакана бременост и абортус, како и сексуално преносливи инфекции меѓу кои и ХИВ.

За жал, во Македонија е зголемен бројот на брутални случаи на семејното насилство.

Би можело да ве интересира:

„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
„Пази на пудрата“ – Јелена Спенџарска во забавно видео покажа како изгледа шопингот на жените Дали и вашиот шопинг изгледа вака? По колку време „заглавувате“ во гардероба, до...
Се слави Свети Константин и Елена: Обичаи и верувања поврзани за празникот Водата од еден извор во Македонија се смета дека е најлековита на овој ден, а го...
Панчо му напиша искрено писмо на синот: „Најмногу сакам да станеш фудбалер, но ќе бидам горд и ако с... „Запамти едно, кое според мене е најважно, татичко. На тоа ме учеше мајка м...
Денеска е „Огнена Марија“ – Што не треба да правите на овој ден? Се верува дека „Огнена Марија“ е сестра на громовникот Илија и слично како него,...
Лила и Биг Мама го истражуваат Сингапур – По влечки на аеродром, на молитва во будистички храм (фото... „Од авион се симна со папучиве и низ цел аеродром вака шеташе. Не можеш да не ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg