Кампањата Јас внимавам на ОКТА ги потсетува возачите за задолжително носење зимска опрема

(Скопје, 25.12.2017) – Со наградување на совесните возачи кампањата Јас внимавам уште еднаш ги потсетуваше возачите дека носењето соодветна зимска опрема за автомобилот е задолжително. Министерството за внатрешни работи како партнер на кампањата спроведуваше контрола на возилата по случаен избор за почитување на правилата и прописите, вклучително и носење зимска опрема, додека пак иницијаторот на кампањата, компанијата ОКТА, соодветно ги наградуваше возачите со вредносни ваучери за гориво од ОКТА.

kampanjata-jas-vnimavam-na-okta-gi-potsetuva-vozacite-za-zadolzitelno-nozenje-zimska-oprema-01.JPG

Согласно временските прилики, овој период кампањата Јас внимавам сите свои активности ги насочува кон зголемување на свеста на граѓаните за потребата од носење задолжителна зимска опрема и со тоа да придонесат за поголема безбедност на сообраќајот. Целите на кампањата за овој месец се поддржани од Илина Арсова, алпинист и еколошки активист.

„Мојата препорака и совет до сите учесници во сообраќајот е да бидат исклучително внимателни зад воланот, редовно да ги проверуваат своите автомобили и задолжително да ја користат зимската опрема. Да бидат одговорни, како за себе и своите најблиски во автомобилот, така и за сите други што истовремено ги користат  патиштата. Да не заборават дека  велосипедистите и пешаците се рамноправни учесници во сообраќајот, па согласно со етичкиот кодекс да ги остават пешачките премини, велосипедските патеки и тротоари, резервирани за нив! Да се има на ум дека сирената се користи само кога е неопходно и најважно, дека во овие зимски денови секој од нас може да придонесе кон намалување на загадувањето, ако возилата се користат совесно и рационално“, изјави Илина Арсова, ликовен уметник и алпинист.

Јас внимавам како кампања наменета за подигнување на јавната свест за безбедноста во сообраќајот, се спроведува од почетокот на годината и со досегашните активности опфати различни проблеми и посочуваше на правила и прописи кои најмногу влијаат врз безбедноста на учесниците во сообраќајот. Секоја од месечните активности посветена на конкретно сообраќајно правило е поддржана од јавни личности што со своето влијание го зголемуваат ефектот од пораките на кампањата. Покрај апелирање за поголемо внимание во сообраќајот со почитување на сите правила и прописи, кампањата уште и за најмладите спроведува едукација преку донирање сообраќајни полигони за основни училиште низ државата, тематски создадена театарска претстава и подарок во форма на едукативна боенка. Досега кампањата доби голема поддршка и од граѓаните кои ги поддржуваат целите и воедно ја доби наградата за Најдобра општествено одговорна практика за 2017 година.

kampanjata-jas-vnimavam-na-okta-gi-potsetuva-vozacite-za-zadolzitelno-nozenje-zimska-oprema-02.JPG

kampanjata-jas-vnimavam-na-okta-gi-potsetuva-vozacite-za-zadolzitelno-nozenje-zimska-oprema-03.JPG

kampanjata-jas-vnimavam-na-okta-gi-potsetuva-vozacite-za-zadolzitelno-nozenje-zimska-oprema-04.JPG

Би можело да ве интересира:

Македонка се пожали дека маж ја нападнал на улица: „Ти не си за мајка, вака ли се шета дете?!“ „Излегува повозрасен човек од обложувалниците што се кај Палма, ме застанува и м...
Ирена, мајка на 3 деца, од кои едно со аутизам: „Син ми ми кажа: ‘Јас не сум аутистичен. Јас сум нор... „Денес Кан ми рече: „Јас не сум аутистичен. Јас сум нормален“. И не го поправив,...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Нашата манекенка Андријана Илиоска за божиќната атмосфера во Лондон: „Како зимска бајка е, ќе остана... „Планирам да останам подолг период. Сакам да ја доживеам празничната атмосфера д...
Јован Јованов за музичките почетоци: „Со Магија одевме на часови по танцување, Врчак го запознав на ... „Отсекогаш сум сакал да имам група, не да настапувам сам. Сите мои другари праве...
7 идеи каде и како активно да ги поминете зимските викенди со децата, во околина на Скопје Забавувајте се во рекреативниот центар на отворено на Козјак, качете се со жични...

Најчитани неделава