Василичарски џез концерт во Бистро Скопје на JB Quartet

vasilicharski-djez-koncert-vo-bistro-skopje-na-jb-quartet-01.jpg

„JB Quartet“ на 12-ти и 13-ти Јануари ќе одржат два концерти во фантастичниот амбиент на новиот блуз и џез ресторан во центарот на Скопје, на местото на поранешната пекара Мекиците од Стража. Концертите се во организација на Бистро Скопје и Чув де Чув.

Извонредните шефови Жика и Рубин ќе подготвуваат специјалитети со плескацица од првокласно телешко месо, бри, капини... Специјалитети кои апсолутно мора да ги пробате. Гостите ќе имаат и можност да изберат врвни вина од богатата винска карта со промотивен попуст на вината на Тиквеш кои се поддржувачи на настанот.

vasilicharski-djez-koncert-vo-bistro-skopje-na-jb-quartet-02.jpg

А кои се JB Quartet? Предводени се од одличната џез вокалистка со големо искуство, Јасмина Беличанска. Членуваат и еден од најпознатите македонски музичари, басистот Оливер Јосифовски кој е основач на Љубојна и поранешен член на Фолтин, младиот пијанист Филип Димишковски и на ударни инструменти Бодин Попов од групата Beta House. На специјалниот Василичарски концерт ќе изведат маестрални кавери на Ејми Вајнхаус, Vaya Con Dios и слични артисти.

vasilicharski-djez-koncert-vo-bistro-skopje-na-jb-quartet-03.jpg

Како да присуствувате? За присуство ќе мора да побрзате и да резервирате неколку од малкуте преостанати места во Чув де чув на 078 52 05 52 или на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Уживајте во прекрасната музика и храна во новото задолжително место за посета во Скопје – Бистро Скопје.

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Јован Јованов ужива со ќерката на концерт на Coldplay во Торонто: „Ова е нејзин прв концерт“ Јован Јованов во одлично расположение се забавува со ќерката Малеа на концерт во...
Потресна сцена од Крива Паланка: „Стоеше 5-годишно девојче на студот, босо по влечки, беше ненаметли... „Денес пред маркет во Крива Паланка стоеше девојче од 5 години, помагаше со коли...
Браво! Брачен пар спасува улични кучиња од Скопје и ги носи кај нив во САД за да ги вдомат „Сакаме да спасуваме кучиња од улица и веќе 9 години го правиме тоа од срце, без...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...

Најчитани неделава