Доделена главната награда од наградната игра „Happy Monday“ за корисниците на Mastercard платежните картички

Шпаркасе Банка Македонија неодамна ја додели главната награда од наградната игра „Happy Monday“, која беше организирана во периодот од 6.11.2017 до 31.12.2017 година, за корисниците на платежните картички од брендот Mastercard.

dodelena-glavnata-nagrada-od-nagradnata-igra-happy-monday.jpg

Право на учество во наградната игра имаа сите корисници на Mastercard платежните картички (Mastercard Debit, Maestro, Mastercard Standard и Mastercard Gold) издадени од Шпаркасе Банка Македонија, со секоја реализирана трансакција во износ поголем од 300,00 денари на продажните места и е-commerce трансакции (плаќање преку интернет) во земјата и во странство.

Согласно со Правилата на наградната игра по истекот на секоја седмица, Банката секој понеделник во периодот на наградната игра спроведуваше електронско извлекување на 7 среќни добитници на парична награда во износ од 5.000 МКД од трансакциите реализирани за секој ден од седмицата и една награда во износ од 50.000 МКД од вкупниот број реализирани трансакции во истата седмица.

По истекот на периодот на наградната игра или изминати 8 седмици беа наградени вкупно 56 добитници на парични награди во износ од 5.000 МКД и 8 добитници на парични награди во износ од 50.000 МКД. 

Добитниците на наградите од 5.000 МКД и 50.000 МКД можете да ги погледнете на следниот линк.

Од вкупниот број реализирани трансакции во периодот на наградната игра на 9 јануари 2018 беше извлечен добитникот на главната награда во износ од 500.000,00 МКД, г-ѓа Викторија Божиновска од Прилеп.

Им честитаме на сите среќни добитници и им посакуваме да уживаат во наградите заедно со своите најблиски и да продолжат да ги користат услугите и поволностите на Шпаркасе Банка Македонија!

Би можело да ве интересира:

Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви ... „Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
Јелена Спенџарска го посети родното село на баба ѝ: „Куќата кај што се родила уште се ‘држи’ некако“ „Замислете оваа жена до мене тука создавала пријателства, плачела, учела, си игр...
Емилија Розман им напиша порака на соседите откако го исчисти лифтот од смет: „Ако мене не ми падна ... „Со сета должна почит према сите станари, доколку мене не ми падна круната додек...
Жарко Димоски со семејството повторно на Малдиви: „Истото место, истите денови, нова година“ „Момчињата ќе бидат момчиња“, напиша сопругата на актерот, на кои Жарко игра фуд...
Нашиот Тони Наумовски доби награда за Најдобар машки актер на фестивал во Њујорк: „Почестен сум од п... „Возбуден сум, почестен и понизно ја споделувам оваа исклучителна актерска награ...

Најчитани неделава