Пет работи што може да ги купите на Last Minute Sale

Традиционалниот шопинг настан Last Minute Sale, во организација на Skopje City Mall, започна на 19ти јануари и ќе трае до трошење на залихите. Добро размислете што сè ви е неопходно во вашиот гардеробер, дом, библиотека или пак сетете се на подарок со кој што ќе израдувате драга личност и препуштете ѝ се на популарната шопинг авантура.

pet-raboti-shto-mozhe-da-gi-kupite-na-last-minute-sale-01.jpg

Цените намалени до 70% на производи од голем број реномирани брендови со сигурност ќе ги задоволат сите ваши барања, а ние ви издвојуваме пет задолжителни работи што не треба да ги испуштите од вашата шопинг листа.

1. Јакна – Зимската сезона не е целосно завршена, а со топла и модерна јакна на ова студено време, не само што ќе изгледате беспрекорно, туку и безгрижно ќе уживате во прошетки со семејството и пријателите. Освен тоа, подготвени ќе ја дочекате и следната зимска сезона со удобна и квалитетна јакна, купена по одлична цена.

2. Чизми – Да, сигурни сме, вашиот орман е веќе полн со обувки, но никогаш доволно за да не може да прими нов пар чизми што совршено прилегаат на вашите омилени парчиња облека од оваа сезона. Доколку, пак, ги меркавте долго време, сега се достапни по вртоглаво ниска цена, па затоа не излегувајте од продавницата без нив!

3. Накит – Замислете ги must-have обетките, или пак накитот што идеално оди во комбинација со новиот фустан. Остварување на сонот? Сега ова задоволство станува реалност и може да се реализира со шопинг треската позната како Last Minute Sale.

4. Детали за домот - Постојат неколку елементи за уредување на домот кои можат целосно да го изменат изгледот на просторијата и да ѝ дадат поинаква димензија. Можете да ги најдете во некоја од продавниците во Скопје сити мол, а ќе ги препознаете по високиот квалитет и цената намалена до 70 отсто.

5. Книга – Едноставно е. Не постои поидеално попладне во овие студени денови од она поминато во вашата комфорна фотелја, со топол чај и онаа книга што дојде на врвот на вашата листа на најпосакувани наслови.

Бонус совет: Подарок – Сигурно во вашиот живот постои онаа особено драга личност на која што сакате да ѝ го направите денот поубав.

За крај, останува да ве советуваме да се вооружите со трпение, освежување и неизбежната поддршка од најдобрите пријатели, затоа што сега сите ги води патот до омилената шопинг дестинација – Skopje City Mall.

Среќно, шопингхоличари!

pet-raboti-shto-mozhe-da-gi-kupite-na-last-minute-sale-02.jpg

pet-raboti-shto-mozhe-da-gi-kupite-na-last-minute-sale-04.jpg

Би можело да ве интересира:

Миа Костова се потсети на хаосот во домот каде го растела Андрија: „Сакам да се вратам во таа дневна... „Давам сè на светот да се вратам во оваа дневна, да ги соберам играчкиве и кутии...
Миро Кацаров, Лепа Брена - Кои познати личности ги прифатија децата на партнерите како свои? Саша Ковачевиќ за Искра, ќерката на неговсата сакана Зорана, вели дека иако не м...
Дечко од Скопје: „Во Охрид 2 големи пици, пиво и винце платив 1.170 денари, до езерото среде сезона ... „И годинава традиционално се фрла отров по Охрид, нормално, се изначитавме безбр...
Тамара Тодевска емотивна: „Голем дел од детството го поминав во оваа куќа - домот на баба ми Пава во... „Најубавите спомени ми се од тука. Првите излегувања, првата љубов, пријатели ко...
Годишен хороскоп за 2026: Лав 2026 година за Лавовите носи динамика, важни пресврти и силни лекции на љубовен,...
Игор Џамбазов наполни 62 години: „На денешен ден почнав самостојно да дишам“ „Едвај чекам да видам што ќе напишеш кога ќе наполниш 69. Држ' се!“ - му порача ...

Најчитани неделава