Ѕвездите на AVON во Скопје блеснаа во сјајот на холивудскиот гламур од '20-тите години на минатиот век

Минатиот викенд, во хотелот „Мериот“ се одржа 12. по ред Национална годишна конференција на AVON Македонија. Компанијата веќе со години практикува исклучително креативен и несекојдневен тематски пристап со кој секоја конференција дише со посебен шарм и енергија.

dzvezdite-na-avon-vo-skopje-blesnaa-vo-sjajot-na-holivudskiot-glamur-od-20tite-godina-na-minatiot-vek-01.jpg

Годинава, организаторите одлучија присутните во салата да ги вратат отприлика 100 години наназад, во времето на гламурозните забави на големиот Гетсби и да предизвикаат општа воодушевеност кај публиката, почнувајќи од изгледот на салата, па сé да фантастичното сценарио и перформанс на бината.

Водители на овој незаборавен настан беа шармантната и талентирана актерка и танчерка, младата и прекрасна Нина Деан, додека нејзин целовечерен партнер беше харизматичниот и ултра популарен водител и шоумен Жарко Димитироски. Присутните ги забавуваше и пејачот Даниел Кајмакоски.

dzvezdite-na-avon-vo-skopje-blesnaa-vo-sjajot-na-holivudskiot-glamur-od-20tite-godina-na-minatiot-vek-02.jpg

Во салата беа присутни најуспешните за 2017-та година, кои заслужено освоија прекрасни наградни патувања. Најдобрите 5 претставници годинава ќе уживаат во убавините на Лисабон, додека најдобрите 5 лидери ќе се сончаат на егзотичниот брег на Коста Дел Сол, Шпанија.

Наградата за најдобра зона во Македонија и оваа година отиде во рацете на Зона 6, која веќе трета година заслужено ја потврдува оваа титула.

Зоналните менаџери добија специјална тимска награда – пролетно патување во Прага за особени резултати постигнати во последниот квартал од 2017-та година.

Присутните гости во салата ги поздрави Регионалниот менаџер за продажба за Бугарија, Македонија и Албанија, Даниел Шопов, кој на оваа позиција стапи на 1-ви февруари оваа година.

dzvezdite-na-avon-vo-skopje-blesnaa-vo-sjajot-na-holivudskiot-glamur-od-20tite-godina-na-minatiot-vek-04.jpg

Заменик Националниот менаџер за продажба за Македонија, Марина Цигарида изјави: “Горда сум што имам чест да бидам лидер на ваков прекрасен тим од успешни луѓе, кои и во 2017-та година докажаа дека со посветена и напорна работа може да се постигнат врвни резултати, кои вечерва сите заедно ги славиме и наградуваме. Посакувам од срце нашите успеси да продолжат и во 2018-та година и нашето AVON небо да засвети со многу нови сјајни ѕвезди. ”

dzvezdite-na-avon-vo-skopje-blesnaa-vo-sjajot-na-holivudskiot-glamur-od-20tite-godina-na-minatiot-vek-03.jpg

AVON е компанија која повеќе од 130 години се залага за благосостојбата на жените во општеството и им помага да си обезбедат финансиска независност и да развијат сопствен бизнис. Успешните приказни на лидерите и претставниците кои беа заслужено наградени на Националната конференција уште еднаш ја докажуваат силната посветеност на AVON кон долгорочен развој на човечкиот потенцијал кој претставува движечка сила на оваа компанија повеќе од еден век.

dzvezdite-na-avon-vo-skopje-blesnaa-vo-sjajot-na-holivudskiot-glamur-od-20tite-godina-na-minatiot-vek-05.jpg

Би можело да ве интересира:

„Во салата кај што порасна мама“ – Едина Муса го покажа синот и ужива во негово друштво на натпревар... „Не можев да посакам подобро друштво за гледање утакмици“ – напиша нашата кошарк...
Жена на 58 години забремени со тројка во болница во Македонија – Таа била 5 години во менопауза „Годините не ја запреа желбата за мајчинство. Тројна бременост со ин витро кај п...
Вело Марковски е 35 години постар од сопругата - Наши и регионални парови со голема разлика во годин... Лазар Ристовски по разводот повторно најде љубов и тоа со актерка која е скоро 4...
Тони Зен доби ќерка, Ивона Јо го загуби таткото - По што ќе ја памтат познатите Македонци 2025? „Мислам дека ќе биде тешко за било кој од нас годинава да ја запамти по нешто др...
Штипската четворка наполни 2 години, мајката Благица емотивна: „Со вашите 4 срца животот има најубав... „Вие сте нашето чудо, нашиот благослов од Бога. Вашиот невин поглед, неисцр...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...

Најчитани неделава