Реални причини за менување на вашите прозорци!

Прозорците даваат убавина и дополнителна вредност на вашиот дом, и се една од најважните карактеристики на една куќа или стан. Тие ја имаат и главната улога во заштедата на топлинската енергија, овозможувајќи комфорт и здравје. Според истражувањата загубата на топлината низ прозорците претставува повеќе од 40% од вкупните загуби на топлина од домот. Заради тоа, инвестицијата во квалитетни енергетски ефикасни прозорци е една од најисплатливите на долг рок.

realni-pricini-za-menuvanje-na-vasite-prozorci.jpg

Но, како може да знаете дали вашите прозорци треба да се заменат?
Користете ја оваа листа за да ја утврдите состојбата со вашите прозорци. 

Дали се вашите прозорци со единечно стакло?
Повеќето прозорци денес се со двослоен термопан со дебелина од 16мм до 30мм, подобрите термопани се со нискоемисиони стакла, кои во голема мера помагаат во спречување на преносот на топлина од затворени простории на отворено. 

Дали слушате бучава од надвор?
Повеќето од денешните прозорци нудат звучна изолација преку нискоемисиони високо квалитетни стакла. Добар избор за спас од неподносливиот звук се прозорите со трослојни термопани поставени на Decco  профили кои постигнуваат изолација од 34dB до 41 dB. 

Дали забележувате мали пукнатини или скапување на делови од вашите прозорци?
Некои мали пукнатини или знаци на скапување можат брзо да се рашират, и да ги оштетат позначително прозорите. Ако повеќе од 10% од дрвото е оштетенo, вашата најдобра опција е да го замените во целост. 

Дали во потоплите временски услови, внатрешноста на прозорот е топла на допир?
Вашите прозорци треба да бидат способни да ги издржат високите летни температури, да овозможат термо изолација, и да ја контролираат количината на топлина која влегува во домот.

На ладно време, внатрешноста на стаклото е ладно на допир?
Екстремно ладни внатрешни стакла, значат дека премногу ладен воздух влегува во просторот помеѓу стаклата. Ако стаклото остане ладно, дури и кога ќе го допрете со вашата топла рака, тоа значи дека не ја врши својата изолациона функција и треба да се смени. 

Вашите прозорци не се отвораат и затвораат правилно?
Кога некои компоненти од прозорците предизвикуваат тие да не се отвораат и затвораат целосно, или така лесно како порано, значи дека е настанато оштетување и потребна е промена или стручно штелување. Стручни лица треба да ги проверат прозорите, и да дадат совет. 

Дали вашиот прозорец одговара на остатокот од дизајнот и декорот на вашиот дом?
Вашиот вкус може да се промени, или пак можеби сте наследиле прозорци од претходните сопственици, кои сега не се уклопуваат со вашите желби. 

Прозорците не штитат од сончевите зраци?
Заштитата од сонцето на една просторија може да се постигне со надворешни ролетни, надворешни капаци, внатрешни ролетни но исто така и со термопани со високоенергетско покритие. 

Доколку повеќето  ваши одговори се со “да” тоа значи дека треба да ги замените. Во спротивно ќе плаќате повисоки сметки, и го немате потребниот комфорт.

Прозорците не се менуваат често a рокот на траење во просек е 30 години. Токму затоа треба да бидете добро информирани за сите елементи на ПВЦ прозорците, како и за компанијата од која ги набавувате. А кога ќе се решите, препорачливо е да ги смените сите прозорци во исто време.

Профилите Decco се совршен избор за оние кои бараат највисоки топлински перформанси и одличен дизајн, а по разумни цени. Добар избор на прозорци може да најдете во компанијата Алу – Ангелевски (kontakt 070 245 423) Таму покрај стандардните бели ПВЦ прозори, имаат и ПВЦ прозори со карамел боја и темно кафена боја. Монтажата ја изведуваат стручни лица, кои внимаваат прозорите да се постават и нивелираат правилно, да се анкерисуваат по пропишани стандарди за да се добие очекуваната функционалност, правилно и целосно пополнувањето околу прозорите со пур пена што е важно за изолацијата, правилна опшивка околу прозорците за изолација и спречување на влага. Decco профилите имаат одличен сооднос на квалитет со цена

Би можело да ве интересира:

Годишен хороскоп за 2026: Лав 2026 година за Лавовите носи динамика, важни пресврти и силни лекции на љубовен,...
Миа Костова се потсети на хаосот во домот каде го растела Андрија: „Сакам да се вратам во таа дневна... „Давам сè на светот да се вратам во оваа дневна, да ги соберам играчкиве и кутии...
Бакнежи пред полноќ, кадри од домот - Како познатите Македонци ја честитаа Нова година? „Збогум на една година која многу повеќе ни зеде отколку што ни даде… Но, 3...
Тамара Тодевска емотивна: „Голем дел од детството го поминав во оваа куќа - домот на баба ми Пава во... „Најубавите спомени ми се од тука. Првите излегувања, првата љубов, пријатели ко...
Денес се празнува Св. Никола Чудотворец – кои обичаи треба да ги следат тие што имаат куќна слава? Денес се слави најчестата слава во македонските домови, Св. Никола - храната тре...
Kaролина Гочева блеска на 46-иот роденден - дува свеќички во ресторан во природа, другарките ја сним... Во елек во бојата која е тренд на сезоната, Каролина покажува дека годините се с...

Најчитани неделава