Атлантик Група во 2017 година ги надмина плановите за раст на профитабилноста

Компанијата порасна на речиси сите главни пазари и бизнис области со историски рекордни приходи во Стратешките дистрибутивни области Хрватска и Словенија.

atlantik-grupa-vo-2017-godina-gi-nadmina-planovite-za-rast-na-profitabilnosta-001.jpg

Загреб, 28 февруари 2018 година - Атлантик Група оствари вкупни приходи од продажба од 711 милиони евра во 2017 година, што претставува зголемување од 3,9 проценти во однос на претходната година. Добивката пред камати, оданочување и амортизација (ЕБИТДА) изнесува 78 милиони евра, што претставува зголемување од 22,7 отсто, а нето-добивката по малцински интереси се зголеми за 69,2 отсто, на 37 милиони евра. Исклучителни резултати се постигнати кај сопствените брендови и дистрибуциското работење. Забележан е раст на сите најголеми пазари на Атлантик Група, и за прв пат на крајот на 2017 година, и покрај предизвиците, објавени се корекции на очекувањата за профитабилноста која регистрираше раст! Помеѓу брендовите кои забележаа раст се истакнуваат: Аргета и Донат Мг во Хрватска и Србија, Баркафе и Цедевита во каналот ХоРеКа, Кала, Калничка и Штарк во Хрватска и Мултивита и Донат Мг во Русија. Сите клучни брендови ги зголемија или задржаа пазарните удели, а Аргета, по Австрија минатата година, стана лидер на пазарот и во Швајцарија.

Фокус на брендовите, квалитетно управување и нови деловни можности

Со исклучителни деловни резултати минатата година беше одбележана со дезинвестирање на производствениот сегмент на спортската исхрана и се фокус на брендираниот бизнис и развојот на Мултипауер во премиум сегментот. Белгиската компанија Аминолабс ги презеде фабриките во германскиот град Блекеде и Нова Градишка со трансакција од 27 милиони евра, со нето добивка од речиси 9 милиони евра. Првиот квартал од 2017 година е обележан со напорите за стабилизирање на Агрокор, кој е најголемиот регионален малопродажен партнер на Атлантик Група. Иако приходите од продажбата на Агрокор паднаа повеќе од 15 отсто во споредба со 2016 година, падот е компнезиран со растот во продажбата на останатите купувачи, па така, минатата година на пазарите во Србија, Хрватска и Словенија е постигнат пораст од дури 5,1 отсто. Со новите договори за дистрибуција на најголемите пазари, со Ред Бул во Србија (во вредност од 5 милиони евра) и компанијата Марс во Хрватска (во вредност од 13 милиони евра), е потврда за ширењето на бизнисот со дистрибуција, како дел од долгорочната бизнис стратегија. На крајот на годината, Атлантик Група, исто така, започна со производство на деликатесните намази Аргета во САД, со амбициозен план за првично освојување на етно сегментот на овој пазар.

"Изминатата година беше предизвикувачка и исклучително успешна за Атлантик Група. Забележавме раст во речиси сите области и во сите критериуми и не само во бројки. Компанијата ги зајакна своите сопствени брендови и дистрибуција, со дезинвестирање на поголемиот дел од производството на трети страни го пренасочивме и зајакнавме фокусот кон брендовите и инициравме голем број на активности за поефикасен пристап до западноевропскиот пазар, а со еден од нашите најинтернационални брендови успеавме да зачекроиме на перспективниот американски пазар. Нашиот успех го препозна и експертската јавност, па така Атлантик во 2017 година ја доби наградата на Загрепската берза за транспарентност и квалитет при управување со инвеститорските односи, додека признанието на чадор организацијата на светски експерти за управување со човечките ресурси, ХРO Денес, за промовирање на добри практики во оваа област не вметна во групата на врвни европски компании ", коментира Емил Тедески, претседател на Управата на Атлантик Група.

Најмногу пораснаа пијалоците, дистрибуцијата во Хрватска и пазарот Русија

На вкупниот раст на продажбата од Атлантик Група во 2017 година најмногу влијаеа Стратеешките бизнис области: Пијалоци со раст од 7,3 отсто, потоа Деликатесни намази и Здравје и нега со раст кај секоја од 7,0 отсто. Во растот на дистрибутивните области се истакнуваат Стратешката дистрибутивна област Хрватска (6,9 отсто) и Стратешката дистрибутивна област Србија (3,0 отсто). Кафето со учество од 20,7 отсто во вкупните приходи се издвојува како најголема поединечна категорија со 147 милиони евра приходи од продажба. Меѓу пазарите со најголема стапка од 23,1 отсто е растот на рускиот пазар и ЗНД земјите, додека во хрватскиот регион е забележан раст од 7,5 отсто и 3,5 отсто во Србија.

Би можело да ве интересира:

Лила Филиповска во Дубаи и Турција, Миа Костова на Малдиви - Познатите Македонки ја отворија сезонат... Тијана Дапчевиќ беше во Египет, Илина Арсова помина неколку дена покрај езеро во...
Каролина Гочева сподели видео од одморот во Хрватска - Пејачката уживаше на море со мајка ѝ, сестра ... Нашата пејачка Каролина Гочева ова лето го искористи да замине на одмор во Хрват...
Миа Костова за летувањето на Корзика: „Ден на плажа е минимум 200 евра, поубаво море нема да видите,... „Ако некогаш се решите за Корзика, гледајте да имате убава куќа во која може и д...
Анета од Битола ја донираше косата за дечиња болни од рак: „Ја растев 2 години, никогаш не сум ја фа... Македонската тениска судијка Анета Павловска ја скрати својата долга коса и ја д...
Цеце Николова: „Пред една година излегов од дома без перика и повеќе не ја ставив - сега дури и коса... „Пред точно една година првпат излегов од дома без перика. И повеќе никогаш не ј...
Чанта од 35.000 евра, влечки за плажа од 2.000 евра – Луксузниот стил на Аделина Тахири на патувањет... На плажа со Chanel чанта од 6.000 евра позира додека го бакнува синот, а навечер...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg