Макпрогрес Виница со нова инвестиција и нов иновативен бренд - Фантазија

Реномираната македонска кондиторска компанија Макпрогрес  денес официјално го пушти во употреба новиот погон за производство, преработка и пакување на новиот бренд Фантазија.  Станува збор за линија на полуготови производи создадени според потребите и барањата на модерните потрошувачи, што ќе им овозможат брза и лесна подготовка на омилените рецепти.

makprogres-vinica-so-nova-investicija-i-nov-inovativen-brend-fantazija-1.jpg

Инвестицијата во вредност од 650.000 евра,  ќе обезбеди нови вработувања, како и зголемување на извозните капацитети на компанијата.

Технолози, дизајнери и маркетери од Макпрогрес повеќе од две години посветено работеа на креирањето на асортиманот, неговото тестирање и лансирање.

Брендот Фантазија на македонскиот пазар ќе понуди иновативни производи за брза, успешна и лесна подговотка на разни рецепти. Асортиманот на Фантазија го сочинуваат полуготови миксови за колачи или солени кекси, како и додатоци за колачи и кулинарство што се користат за подготовка на колачи, крекери, мафини како и голем избор на декорации за десерти.

 “Како што кажува и самото име Фантазија, се работи за фантастичен избор на полуготови јадења, подготвени според желбите на модерните потрошувачи, кои имаат се помалку време за готвење, а сакаат здраво и убаво да се хранат. Долго време, можеби повеќе од две години се подготвувавме и работевме напорно на создавање на брендот Фантазија. Тргнавме од идејата дека сакаме да имаме здрави производи кои ќе се подготвуваат за кратко време, а ќе бидат наменети за сите оние кои сакаат повеќе време за себе и дружење со најблиските – изјави г. Глигор Цветанов, извршниот директор на Mакпрогрес Виница.

makprogres-vinica-so-nova-investicija-i-nov-inovativen-brend-fantazija-2.jpg

Со своите континуирани инвестиции и висока стапка на раст, Макпрогрес повторно го потврдува својот епитетит на  една од најголемите прехранбени индустрии во Република Македонија, на иновативна компанија, која ги следи потребите на потрошувачите и која создава високо конкурентни брендови што можат да се носат со останатите на конкурентните светски пазари.

Макпрогрес  е и една од најуспешните извозно ориентирани компании, чии производи се продаваат на пазарите во над 55 држави во светот.  Компанијата придонесува кон севкупниот развој на домашната економија, со амбициозна цел, до 2020 година да го зголеми производниот капацитет двојно од оној во 2014.

Би можело да ве интересира:

Анета Љумаковска со новиот дечко во Германија, Даниел Кајмакоски направи крштевка за ќерката - Што п... Дарко Димитров со две фотки откри дека игра тенис и го обожава овој спорт, Елена...
Битолчанка блесна на црвен тепих и од срце вели: „Си се потсетив дека Манаки за Битола е тоа што се ... „Манаки секој си го доживува на свој начин... Јас? Јас не сакав да го пропуштам ...
Марија и Бојан од Eye Cue направија свадба, откако открија дека чекаат дете – бремената невеста блес... Пред неколку дена објавија забавно видео и открија дека чекаат дете, а вчера Мар...
„Броиме чекори и калории, зависни сме од нотификации за попусти“ - Македонка алармира во какви кафез... „Колку чекори направи денес? Дали си го закажа следниот термин за нокти точ...
Сања Николиќ се забавува на концертот на Слаткар, Врчак го најави новиот албум - Што прават нашите ѕ... Елена Најдоски со сопругот уживаше на викенд во Грција, Пере Нокаут се сретна со...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...

Најчитани неделава