Порака до сите млади: Можностите постојат и тука доколку ги креираме!

Во вторникот на Правниот Факултет “Јустинијан Први” во Скопје, повеќе од 350 студенти и млади ги слушнаа личните приказни за успех на гостите говорници: Катарина Ивановска, Слободан Лазаревски, и Нина Ангеловска. Секој од нив со различна професија, но со заедничка порака до присутните: “Можностите постојат и тука доколку ги креираме, можеби да бидеме општеството што ги менува работите, и да пробаме да придонесеме тука.”

poraka-do-site-mladi-moznostite-postojat-i-tuka-dokolku-gi-kreirame-01.JPG

Големиот број на присутни, бројните реакции на социјалните мрежи, и изјавите на гостите говорници, покажува дека младите во Македонија се “гладни” за мотивација и позитивни модели на личности, што го покажуваат низ своите изјави за настанот: “Говорот на доктор Слободан и Нина од Grouper ми се допаднаа најмногу, тие беа извонредни и зборуваа доволно мотивирачки за да почнам да размислувам за посериозни планови во мојот живот и да почнам да превземам поголема иницијатива за мојот понатамошен успех.”

Жарко Димитриоски како модератор на настанот, го најави “серијалот” на Feed Your Brain настаните кои ќе се оддржуваат во наредниот период, на различни Универзитети низ државата, секој со различни мотивациони говорници. Целта на настаните е младите низ низата на успешни лични приказни од говорниците, да слушнат, да се мотивираат и да се поттикнат да се развиваат постојано и да го остваруваат својот сон тука, во својата земја.

poraka-do-site-mladi-moznostite-postojat-i-tuka-dokolku-gi-kreirame-02.JPG

За сите кои не беа присутни на настанот, може да го погледнат во продолжение: 

Feed Your Brain e акција која е дел од платформата Мрдни со Прст која е граѓанска платформа, чија мисија е да поттикне акција на размислување за индивидуалната одговорност и поголема граѓанската вклученост во решавање на општествените прашања кои сите нè засегаат, бидејќи секое мало мрдање со прст придонесува за големи резултати и промени. Иницијативата започна пред повеќе од една година и секој граѓанин, граѓанска иницијатива или организација може да стане дел од неа.

poraka-do-site-mladi-moznostite-postojat-i-tuka-dokolku-gi-kreirame-03.JPG

Наредниот настан ќе се одржи во Тетово на 27ми март на Универзитетот Југоисточна Европа, за кој може да добиете повеќе информации на Facebook страната..

poraka-do-site-mladi-moznostite-postojat-i-tuka-dokolku-gi-kreirame-04.JPG

poraka-do-site-mladi-moznostite-postojat-i-tuka-dokolku-gi-kreirame-05.JPG

poraka-do-site-mladi-moznostite-postojat-i-tuka-dokolku-gi-kreirame-06.JPG

poraka-do-site-mladi-moznostite-postojat-i-tuka-dokolku-gi-kreirame-07.JPG

Би можело да ве интересира:

Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Млади деца од Струмица ја свират и пеат „Громови на душа“: „ДНК ја пееја за Тоше, а сега ние за сите... „Денес тие громови навистина одекнуваат од тагата. И како да не беше доволна ова...
Јасна од Скопје со позитива на денот: „На најомразениот семафор што душа ми вади, добив порака што м... „Тргам од парк кон Водно, со планиран стрес поради лошо регулираните семафори, н...
Нина Ред со искрена исповед: „Еден период не бев добро – многу ослабнав, немав волја за ништо, почна... „Еден период не бев добро, се изгубив себеси. И тоа се одрази на моето тело. Мно...

Најчитани неделава