Проект на УСАИД за образование на Роми - еден од најопсежните и најдолгорочните проекти во Македонија за инклузија

УСАИД во партнерство со македонските граѓани, институции, здруженија и организации, во изминатите 25 години посветено работи за подобрување на квалитетот на живот во земјата преку различни проекти, допирајќи до речиси сите сегменти од општественото живеење.

proekt-na-usaid-za-obrazovanie-na-romi-eden-od-najopseznite-i-najdolgorocnite-proekti-vo-makedonija-za-inkluzija-01.jpg

Во рамките на активностите за поддршка и унапредување на квалитетот во образованието, интеграција на маргинализираните категории на граѓани како и унапредување на меѓуетничкото разбирање, УСАИД во соработка со локалните партнери, невладиниот сектор, државните институции веќе четвртина век јасно ја потврдува својата посветеност во градењето на вистинско пријателство со македонските граѓани.

Проектот на УСАИД за образование на Ромите, со вкупен буџет од 5 милиони долари за период од десет години (од 2004 до 2014 година), –беше имплементиран од Фондација отворено општество – Македонија, во соработка со пет локални ромски невладини организации како и детската фондација „Песталоци” од Швајцарија.  Основниот мотив беше креирање на критична маса на едуцирани Роми кои ќе придонесат кон интеграција на Ромите во македонското општество. Активностите на оваа програма дополнително беа поддржани од мисијата на ОБСЕ и амбасадата на Унгарија во Република Македонија.

Главната цел на програмата  за образование на Ромите беше да им обезбеди  поддршка на учениците Роми да останат во образовниот систем, при што континуирано ќе ги подобруваат успехот и редовноста преку примена на позитивни образовни практики  но и ќе имаат можност да посетуваат настава во мултикултурна средина во која ромските ученици се целосно интегрирани.

proekt-na-usaid-za-obrazovanie-na-romi-eden-od-najopseznite-i-najdolgorocnite-proekti-vo-makedonija-za-inkluzija-02.jpg

Целокупната програма беше реализирана преку компонентите за предучилишно, основно, средно и високо образование, фокусирајќи се на преодните периоди - од одделенска во предметна настава, од основно во средно, како и од средно кон виоко образование - кога учениците се најподложни да не го продолжат образованието. Покрај тоа, проектот работеше на создавање одржливост преку обезбедување обуки за наставниците за социјална правда, и иновативни методи за инклузија кои во својот фокус го имаат ученикот. Понатаму, се спроведоа  обуки за интер-културно образование и развивање на капацитетот на училиштата за креирање инклузивна и демократска средина за работа во која беа вклучени родителите, наставниот кадар, училишното раководство и локалната заедница со цел континуирано унапредување на позитивните резултати кај учениците. 

Во рамките на Проектот за образование на Ромите, на годишно ниво 1.200 ученици од претшколска возраст и основно училиште беа вклучени во  подготвителна настава за социјални и когнитивни вештини, културни и хигиенски навики, македонски јазик и основи на математика, подучување и поддршка за учење англиски јазик и курсеви за информатичка технологија.

Резултатите од проектот имаа големо влијание во општеството особено во однос на стапката на ученици- Роми кои го продолжуваат своето образование. За времетраење на овој проект, повеќе од 90 проценти од децата од предучилишна возраст се запишаа во прво одделение, а повеќе од 94 проценти од децата кои ги посетуваат центрите за поддршка ги завршиле соодветните одделенија и го продолжиле своето образование.

Стипендиите од програмата на УСАИД наменети за средно образование, им помогнаа 298 Роми средношколци успешно да го завршат своето образование, а повеќе од 77 проценти од студентите Роми запишани во високо образование преминале кон следната универзитетска година. Во рамките на проектот, преку стипендии и академска поддршка, УСАИД во соработка со партнерите на овој проект, им помогна на околу 98 Роми да завршат високо образование. Најголем дел од нив се вработени во јавната администрација, невладини и меѓународни организации, и се во позиција да ги застапуваат правата и вклученоста на Ромите во општеството.

Успехот на програмата всушност се темели на фактот дека прерасна во одржлива политика на Министерството за образование и наука кое го превзема делот за стипендирање и менторство за сите запишани Роми во средно образование.

Десет годишната поддршка на образованието на Ромите даде импресивни резултати, кои покажуваат дека и тешките прашања можат да се решат доколку се работи посветено, во партнерство со сите чинители и учесници во образовниот процес и на подолг рок. 

Затоа се вистинските пријатели!

proekt-na-usaid-za-obrazovanie-na-romi-eden-od-najopseznite-i-najdolgorocnite-proekti-vo-makedonija-za-inkluzija-03.png

Би можело да ве интересира:

Тијана Дапчевиќ со сопругот и синот на свадба во Скопје, друштво им правеа Тамара Тодевска и мајка и... „Сите сте убави и имате заразна насмевка“ – коментираат дел од следбениците на с...
Кристина Димитри по јавните критики на нејзина сметка: „Поминав низ пекол, јас сум и мајка и татко н... „Жените денес не знаат што сакаат. Живеат од парите на мажот, а мислат дека се б...
Малата Срна (3) конечно си оди дома од болница по операцијата – мајката се заблагодари на хуманиот н... „Д-р Ристо Симеонов, немам зборови да опишам колку сме ви благодарни! Затворивте...
Миа Костова - смртта на баба ѝ, Агнеса Органџиева - злобните коментари за разводот: Што ги повредило... „Најсилно допре до мене смртта на баба ми пред неколку години. И бев свесна дека...
Денес се слави големиот празник Цветници - Кои се обичаите за овој празник? Овој празник нема постојан датум и секогаш се празнува една недела пред Велигден...
Македонки плетат ќебенца за децата без родители – Зошто овој проект ми го стопли срцето? „Секое дете заслужува љубов и топлина!“ Со оваа помисла одлучив да се вклучам во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg