Grand Gold за Бовин 2012 A'gupka Vranec

Бовин A'gupka Vranec, прогласено за едно од најдобрите вина на светот во својата категорија.

grand-gold-za-bovin-2012-a-gupka-vranec-01.jpg

Голем интернационален успех на македонската винарија Бовин. Оваа година во која Бовин прославува јубилеј 20 години од своето постоење, добиено е престижното признание Grand Gold, на еден од најважните вински натпревари во светот MUNDUS VINI, кој се одржува во Германија, а на кој учествуваат вина од целиот свет.

Винаријата Бовин наградата ја доби за црвеното вино 2012 A'gupka Vranec со потекло од Тиквешкиот регион, и се најде меѓу 33-те победници.

grand-gold-za-bovin-2012-a-gupka-vranec-02.png

Бовин исто така е добитник и на наградата MUNDUS VINI “Best of Show” award.

Високо квалификувано меѓународно жири составено од 270 вински експерти од целиот свет, енолози, винопроизводители, професионални трговци со вино, сомелиери и стручни новинари од 44 различни земји, повеќе од 6 дена, на “слепо” (blind testing) дегустираа, евалуираа и оценуваа 6770 вина, од над 150 вински реони од различни делови на светот, вина од познати вински региони од Австралија, Аргетина, Чиле, САД, Франција и многу други земји.

Вината се оценуваа според категоријата во која припаѓаат, потеклото, нивото на квалитет и вкус, и се евалуираа во согласност со стандардите за оцена на Меѓународната организација за вино (OIV), која е признаена и од Интернационалната Унија на Енолози (UIOE).  

Важно е да се напомене дека Бовин и минатата 2017 година доби златен медал за виното My Way на истиот натпревар.

Би можело да ве интересира:

„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Мајката на Андреј, кој загина во Кочани: „На телефонот што ни го вратија беше отворен контакт кон ме... „Минатата година, на денот на погребот, кога бев клекната да фрлам земја врз ков...
Доктор Горан откри дека доби втор син со забавно видео: „Сакам да ви претставам еден дечко што и јас... „Денес сум во болница, но во цивил. Сакам да ви претставам еден дечко што и јас ...
Влатко Лозаноски го покажа синот Марко првпат по 8 месеци, го држи во прегратка и му пее (видео) 8 месеци откако во тајност доби син, Влатко Лозаноски - Лозано првпат го покажа ...
Ана Марија (22) му кажа ДА на саканиот на брегот на Охридското Езеро: „Кога клекна, се здрвив, ме со... „Кога се свртев, зад мене беа моите сестри, сестрата и зетот на Даниел, старосва...
Ирина и Павле Камилоски на одмор со децата, Марио од 2Бона доби изненадување од сопругата: Што права... Бока Конга се релаксира покрај базен во својот раскошен дом во Скопје, Каролина ...

Најчитани неделава