Орифлеим започнува нова прекрасна потрага - потрага по вистинска убавина

„Веруваме во соништата и во убавината“

oriflame-zapocnuva-nova-prekrasna-potraga-potraga-po-vistinskata-ubavina-1.jpg

Орифлеим Македонија е компанија која на нашите простори успешно работи веќе 22 години и неуморно ја пронаоѓа убавината кај сите жени ширум светот. Поттикнати од начинот на кој се перципира убавината кај нас и желбата да ѕирнеме во делот од професионалниот тим кој стои зад оваа реномирана козметичка компанија направивме кус разговор со Катарина, Маја, Елена и Биљана задолжени за различни сегменти од работата на Орифлеим Македонија.

oriflame-zapocnuva-nova-prekrasna-potraga-potraga-po-vistinskata-ubavina-3.jpg

Катарина Штерјовска – Раца, е на позицијата на ПР и Маркетинг супервизор во Орифлеим, Македонија. Нејзинитие активности во оваа компанија насочени се пред сѐ на координација на сите активности поврзани со односи со јавноста, понатаму развој на маркетинг стратегија, цели и тактики, планирање и организација на настани на локално ниво, следење и анализа на трендовите на македонскиот пазар и на конкуренцијата, како и планирање и мониторинг на онлајн стратегијата. „Се на сѐ, една многу интересна и одговорна позиција, преку која веднаш може да се почувствуваат резултатите, а чувството да се биде дел од тоа е навистина прекрасно. Иако сум само 1 година во Орифлеим, уште од самиот почеток имав чувство како да сум дел од компанијата со години, а верувајте тоа е реткост да се пронајде во компанија во Македонија“, вели Катарина која беше љубезна и поразговара со нас на прашањата кои и ги поставивме:

1. Да работите за една реномирана козметичка линија како што е Орифлеим, нам кои ги разгледуваме Каталозите и ја користиме нивната козметика, делува како совршена приказна. Но, претпоставувам одговорностите кои ги носи оваа работна задача покрај миризливите парфеми, пастелните бои на кармините носи со себе сериозна одговорност и обврски како и секоја друга работна задача. Раскажете ни го вашето досегашно искуство во Орифлеим, кои се предностите и предизвиците да се биде дел од оваа шведска компанија?

Македонскиот пазар е многу динамичен, со едуцирани потрошувачи кои многу добро знаат што сакаат и што треба да очекуваат. Оттаму, и мотивацијата и предизвикот да се работи за една ваква компанија и на оваа позиција е уште поголем. Уште од самиот почеток знаев дека Орифлеим е вистинската компанија за мене, превенствено поради одличната козметика во која секоја жена ужива, но и поради тоа што ми овозможува повремено да патувам и да работам со луѓе од другите земји како дел од регионот Западен Балкан, а сето тоа значи размена на искуство, проширување на знаењето и секако стекнување на многу пријателства. Орифлеим им помага на луѓето да се чувствуваат, да изгледаат и да живеат подобро - го збогатува животот и ги исполнува соништата. За мене секако, патувањето кон исполнувањето соништа е исто толку важно како и целта.

2. Со колкав тим располага маркетинг одделот во Скопје?

Маркетинг одделот се состои од 2 вработени, одговорни за сѐ она што се подразбира под „маркетинг”, од прекрасен Каталог, беспрекорна комуникација со нашите Консултанти и секако корисници, онлајн стратегија, односи со јавност, сѐ до поддршка на продажба.

Мал, но многу силен тим.

oriflame-zapocnuva-nova-prekrasna-potraga-potraga-po-vistinskata-ubavina-2.jpg

3. Пролетта нѐ асоцира на будење и период на регенерација што е одличен повод и провокација да понудите нешто ново. Дали се подготвува нешто свежо во кујната на Орифлеим?

Како компанија која повеќе од 50 години глобално ја пронаоѓа убавината во сите жени ширум светот, ние сме потполно сигурни дека не постои единствена дефиниција на убавина, убавината нема шаблон. Она што ја движи оваа компанија е посветеноста да ги инспирираме другите, затоа што ние веруваме во соништа и веруваме во убавина. Можам само да најавам дека започнуваме една нова прекрасна потрага – потрага за вистинска убавина. Но, за сега не би откривала ништо повеќе, само ќе ги замолам нашите лојални Консултанти и корисници да нѐ следат во периодот што доаѓа.

oriflame-zapocnuva-nova-prekrasna-potraga-potraga-po-vistinskata-ubavina-4.jpg

Нејзината колешка Маја Босилковска, Менаџер за кориснички услуги, е одговорна за Грижа за нивните Консултанти која од неа  бара голема одговорност во однос на нивното единствено позитивно искуство со глобална шведска компанија. „Ова значи најпрво дневно менаџирање на низа оперативни задачи. Потоа, имплементирање на многу новитети во секојдневите процеси, со кои будно се пратат светските трендови и најважно од сѐ се секојдневите разговори со нивните постоечки и нови Консултанти, решавањето на нивните предизвици и олеснување на нивното работење како и промовирање на Орифлеим брендот и прекрасната и единствена бизнис можност која оваа компанија ја нуди во Македонија.

„Горда сум што сум дел од оваа компанија од повеќе причини веќе четири години, но најважна за мене е што оваа компанија има душа. Ова е компанија што ги сака луѓето и сака да имаат само убаво искуство и да бидат дел од едно големо семејство кое се протега низ целиот свет.

На слична тема поразговаравме и со неа:

1. Разгледувајќи го новиот пролетен Каталог погледот ми застана на велнес-линијата која содржи богат асортиман на додатоци во исхраната и посебна линија за слабеење. Ова е малку поинаков пристап кога е во прашање грижата и негата за убавината и здравјето. Кажете ни нешто повеќе за овие производи.

Орифлеим е уникатна компанија и по тоа што во својата палета нуди и одлична палета на велнес-производи, како дел од нашата линија Wellness.  Додатоците во исхраната се секојдневие за секој кој се грижи за своето здравје. Нашите производи се познати по тоа што се со одличен квалитет и пристапни цени. Во палетата се вклучени сите возрасти, од најмалите до најзрелите години, со производи од најквалитетно рибино масло, мултивитамини, протеински шејкови, супи без глутен, антиоскиданти и сл. Се изводјуваме по единствената понуда со Сетови за здравје и за слабеење во комбинација со правилен режим на исхрана. Ве поканувам да ги пробате и да ја видите разликата во изгледот и енергијата што ви ги пружаат овие прозовиди.

2. Вам лично, кои ви се омилени производи на Орифлеим?

Сите ми се омилени, но секако производите за нега на кожа од врвната линија NovAge, во комбинација со производите од линијата Wellness, како што се Swedish Beauty Kомплекс плус и Wellness Пакувањето за жени, ми се во моментот високо на листата, но секако нема ден да не искористам и една од маскарите и кармините од луксузната колекција на Giordani Gold.

oriflame-zapocnuva-nova-prekrasna-potraga-potraga-po-vistinskata-ubavina-5.jpg

3. А што е со македонските клиенти...кои се нивните навики и кој е најпопуларниот производ што најмногу се продава?

Македонските клиенти знаат да препознаат одличен квалитет на производ како и одличната бизнис можност за оние кои сакаат да ги уживаат и двата бенефита кои на овие простори ги нуди единствено Орифлеим. Токму тоа е една од причините за нашето постоење на македонскиот пазар речиси 22 години. Во моментов најпродавани се сетовите за нега на лице NovAge за жени, како и Wellness пакувањата од линијата Wellness.

oriflame-zapocnuva-nova-prekrasna-potraga-potraga-po-vistinskata-ubavina-6.jpg

Елена Јованова е нашата трета соговорничка која во Орифлеим е на позицијата Регионален Менаџер за продажба, која вклучува управување со работата на доделениот регион преку имплементирање на деловните процеси во согласност со стандардите кои водат кон постигнување на стратешките цели на Секторот за продажба.

 „Досегашното искуство ми покажа дека сепак постои работна позиција која може да ги поврзе слободата на делување и слободата на креативноста. Во Орифлеим ме пресретна високо развиен систем и процес на континуирано надградување на моите работни способности и знаења. Награда за секој успех и постигнат резултат кои неминовно извршуваат квалитетни промени и отвараат нови хоризонти кон изградбата на мојата личност и стил“, вели Елена на што се надоврзавме:       

1. Како вие лично ја опишувате убавината... и како Регионален Менаџер за продажба дали забележувате разлика во перцепцијата на убавината кај жените од соседните земји?

Убавината е дефинирана на безброј начини. Не постои единствен начин да се доживее. Секој ден се соочуваме со различни предизвици. Некои денови сме полни со самодоверба и смели, некои денови сме тивки и претпазливи. Некои денови, пак, не сме ни сигурни кои сме. Убавината се менува низ времето,од земја до земја, различните култури и низ огромните различни перцепции на светот. Спој на сè во едно и универзалност во дефинирањето не постои, како и што не постојат исти вкусови.

2. Она на што во последно време се обрнува посебно внимание и сè повеќе се крева свеста е користењето на органска и природна козметика. Колку Орифлеим е во чекор со овие трендови?

Животот на Орифлеим производите започнува во нашите истражувачки центри во Стокхолм и Даблин, каде преку 100 стручни соработници секојдневно создаваат нови производи со помош на најнапредните научни методи и апарати. Орифлеим е компанија посветена на пронаоѓање на состојки од природата и тоа од обновливи извори. Ние се стремиме да работиме на начин што ја почитува животната средина - од квалитетни природни состојки, до намалување на отпадот и загадувањето. Природата е во нашата ДНК. Ние сме пионери во развојот на природни состојки од 1967 година. Основна стратегијата на Орифлеим е одржливоста, а тоа значи дека работиме на таков начин што сите ние денес можеме да ги задоволиме нашите сопствени потреби, без да ја загрозиме способноста на идните генерации да ги исполнат своите.

oriflame-zapocnuva-nova-prekrasna-potraga-potraga-po-vistinskata-ubavina-7.jpg

3. Какви се плановите на Орифлеим за во иднина, во која насока планирате да го развивате вашиот бренд?

Ние продолжуваме да работиме кон оствраување на нашата мисија - број еден компанија  за директна продажба во Македонија. Затоа, постојано вложуваме во нови и иновативни начини за едукација на нашите Консултанти, со цел од нив да направиме вистински експерти за сè она што го нуди Орифлеим. Според мене, најуникатниот производ од палетата на Орифлеим е бизнис можноста која докажано и непрeкинато ги разубавува животите на милиони луѓе од целиот свет. Нашето најголемо задоволство е да бидеме поддршка на илјадници Консултанти во Македонија и едвај чекаме да видиме што иднината ќе донесе за нив. Обуки, семинари, патувања, забава, професионално и лично надоградување се само дел од оваа наша поддршка.

oriflame-zapocnuva-nova-prekrasna-potraga-potraga-po-vistinskata-ubavina-8.jpg

Биљана Миновска е четвртата претставничка од оваа реномирана компанија со која поразговаравме на темата Орифлеим и убавината. Биљана е на позицијата Менаџер за финансии и таа е одговорна за финансискиот и административниот дел од работењето на Орифлеим Македонија. Се работи за една многу регулирана сфера од деловното работење, па нејзината улога тука е да се погрижи компанијата секогаш да биде во согласност со законите и прописите, но исто така и со компаниската интерна политика.

„Орифлеим како компанија е принципиелна, има високи општествени и етички стандарди во поглед на почитувањето на правилата и процедурите, а нејзините основни вредности се искреност и почитување. Се разбира, ова не се однесува само на административниот дел од работењето туку на сѐ што Орифлеим прави - заедништво, дух и страст се трите основни нишки на кои е изграден бизнисот и по кои е уникатен во светски рамки. Токму тоа е она што ме привлече и мене во оваа компанија- почитувањето на различностите, слободата да се изрази и слушне сечие мислење, позитивниот дух и страста во остварувањето на целта. Се работи за една благородна мисија, која им овозможува на Орифлеим Консултантите финансиска независност и можност за поисполнет живот“, ни раскажува Биљана.

1. Иако во описот на работното место бројките се тие кои го дефинираат вашиот работен ден, наместо козметиката, сепак, ќе ве запрашам што за вас претставува убавината?

Убавината тешко може да се дефинира и да се стави во некакви рамки. Таа за мене е лично доживување на сѐ она што е во нас и надвор од нас. Убавината е во слободата да се биде свој, автентичен, единствен, истовремено почитувајќи го тоа кај другите. Убавината е во човечноста, во искреноста и едноставноста. Таа е исто така во мајчинството, благодарноста, радувањето на “малите” нешта. Сите сме совршено несовршени и затоа убави на свој начин.

2. Како шведска реномирана компанија како е да се работи во финасискиот сектор?

Мислам дека е исто како и во било кој друг сектор на компанијата - вредностите се исти и важат за сите. Кога сте во компанија со високи морални и етички стандарди, тогаш навистина не е тешко - патеката е веќе трасирана и сите знаеме што се очекува од нас. Се разбира, постојат многу предизвици бидејќи живееме и работиме во динамичен свет и постојано се прилагодуваме на промените, а поддршката од финансискиот сектор во носењето на деловни одлуки во такви околности е многу важна и одговорна. Финансискиот сектор е партнер и поддршка на сите останати сектори, и како таков во Орифлеим е навистина ценет и почитуван.

oriflame-zapocnuva-nova-prekrasna-potraga-potraga-po-vistinskata-ubavina-9.jpg

3. Орифлеим своите производи ги продава на невообичаен начин, Каталозите и личните контакти со луѓето се тие кои ја одредуваат продажбата. Колку ваквиот начин на работа има свои предности, а колку недостатоци?

Личните контакти со луѓето се незаменлива алатка за продажба, бидејќи сите ние сме пред сѐ луѓе, а потоа купувачи или продавачи. Личните контакти се можност да го запознаеме клиентот, да ги препознаеме неговите желби и потреби и да му понудиме производ кој нему му одговара. 

Секако, за тоа се потребни и одредени комуникациски вештини, вештини за презентација, добро познавање на производите кои се нудат, па Орифлеим вложува навистина многу во стручни семинари, тренинзи и обуки. Придовките од сето тоа се непроценливи, како за клиентот така и за Консултантот. Со директната продажба луѓето го збогатуваат својот социјален капитал, стекнуваат знаења и искуства, патуваат и се забавуваат, притоа заработувајќи пари. Всушност, тоа е и мисијата на Орифлеим - исполнување на соништата на луѓето и отварање на можности за поисполнет живот.

Би можело да ве интересира:

Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Браво! Сара секои 4 години ја донира својата коса за заболените од рак и ги поттикнува и другите „Дали знаеш дека за изработка на само ЕДНА перика потребно е 10 до 15 жени да до...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Тоше победи на Беовизија, на телевизија гледавме „Наше маало“ – Настани во Македонија што се случија... Во 2003-та, односно пред 20 години, Македонија не се натпреваруваше на Евровизиј...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg