Учениците од „Нова“ истражуваа како магнетите влијаат врз течностите и како формата на падобранот ја менува брзината на паѓање

uchenicite-od-nova-istrazhuvaa-kako-magnetite-vlijaat-vrz-technostite-i-kako-formata-na-padobranot-ja-menuva-brzinata-na-pagjanje-01.jpg

Како магнетот влијае на различни течности; дали растојанието меѓу планетите во соларниот систем е пропорционално со растојанието на честичките во атомот и која е поврзаноста помеѓу кардиоваскуларниот и водоводниот систем.

Ова се само дел од истражувањата кои ги претставија учениците од меѓународното училиште „Нова“ на традиционалниот Саем на наука кој се одржа вчера во просториите на оваа образовна институција. Учествуваа околу 130 ученици, а саемот беше отворен за сите заинтересирани граѓани.

Покрај веќе гореспоменатите проекти, учениците од шесто, седмо и осмо одделение презентираа и истражувања за тоа колку брзо се раствора витаминот Ц во вода загреана на различни температури, како дигестивните ензими влијаат на конзумираната храна, како формата на падобранот влијае на брзината на паѓање итн.

Задачата на учениците била да го следат научниот метод кој вклучува поставување на хипотеза, набљудување, експеримент, моделирање, истражување и анализа на податоците и голем број од младите научници дошле до одговори на многу интересни прашања. 

- Оваа учебна година учениците започнаа со изучување на нов меѓународен интердисциплинарен курикулум кој ги поврзува сите предмети што се изучуваат и кој дополнително го поврзавме со Саемот за наука. Според тоа учениците од шесто одделение работат под мотото „Креативност“ и нивните истражувачки проекти се од областа на хемијата. Учениците од седмо одделение работат под мотото „Комуникација“ и нивните истражувачки проекти се од областа на биологијата, додека учениците од осмо одделение работат под мотото „Предизвик“ и нивните истражувачки проекти се од областа на физиката – појаснуваат од меѓународното училиште „Нова“.

Ова е веќе деветта година како се одржува Саемот на наука во оваа образовна институција, а целта е да се истакнат, развијат и надградуваат афинитетите кон природните науки кај учениците преку проекти кои нема да се базираат само на теорија туку и на практична работа. Голем дел од учениците во „Нова“, покрај тоа што го продолжуваат образованието на престижни факултети во странство, се одлучуваат да се фокусираат на различни областа во сферата на природните науки. 

uchenicite-od-nova-istrazhuvaa-kako-magnetite-vlijaat-vrz-technostite-i-kako-formata-na-padobranot-ja-menuva-brzinata-na-pagjanje-02.jpg

uchenicite-od-nova-istrazhuvaa-kako-magnetite-vlijaat-vrz-technostite-i-kako-formata-na-padobranot-ja-menuva-brzinata-na-pagjanje-03.jpg

uchenicite-od-nova-istrazhuvaa-kako-magnetite-vlijaat-vrz-technostite-i-kako-formata-na-padobranot-ja-menuva-brzinata-na-pagjanje-04.jpg

uchenicite-od-nova-istrazhuvaa-kako-magnetite-vlijaat-vrz-technostite-i-kako-formata-na-padobranot-ja-menuva-brzinata-na-pagjanje-05.jpg

uchenicite-od-nova-istrazhuvaa-kako-magnetite-vlijaat-vrz-technostite-i-kako-formata-na-padobranot-ja-menuva-brzinata-na-pagjanje-06.jpg

uchenicite-od-nova-istrazhuvaa-kako-magnetite-vlijaat-vrz-technostite-i-kako-formata-na-padobranot-ja-menuva-brzinata-na-pagjanje-07.jpg

Би можело да ве интересира:

Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Не е Сибир, Битола е – Ледената Македонка Бетика влегува во водите на замрзнато езеро под Пелистер Со секира го искрши мразот на површината на водата, а потоа влезе да се бања. Бе...
Каролина Гочева сподели видео од одморот во Хрватска - Пејачката уживаше на море со мајка ѝ, сестра ... Нашата пејачка Каролина Гочева ова лето го искористи да замине на одмор во Хрват...
Пар од САД е воодушевен од посетата на Македонија: „Охрид во есен е прекрасен, земјава е мало парче ... „Ова е мало парче рај, скриениот бисер на Европа“ – млад американски пар е вооду...
Секоја чест! 6-годишно девојче од Македонија „држи предавања“ по англиски, италијански и македонски ... „Таа е сѐ уште мала, профилот на Инстаграм е повеќе е за забава, детска активнос...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg