MindLab - психијатриска ординација со традиционални и современи тераписки методи

(Скопје, 02.04.2018) – Психијатриски преглед, психолошко советување и тестирање, индивидуални и групни сесии, како и партнерска психотерапија се само дел од специјализираните услуги што ги нуди психијатриската ординација, MindLab. Покрај основните психијатриски и психотерапевтски услуги, MindLab се издвојува и по тоа што е лиценцирана и за напредните терапевтски методи како когнитивно бихејвиорална терапија, терапија со виртуелна реалност и транскранијална директна струјна стимулација. Овој метод, којшто важи за  револуционерен неинвазивен и медикаментозно ослободен, се изведува за првпат во Македонија и единствено во MindLab. Има широка примена кај разни невролошки заболувања, но и кај психијатриски нарушувања од типот депресија, регенерација на нарушена моторика или функцијата на говорот по повреди на главата и мозочни удари, кај Паркинсонова болест, мигрена и болни состојби од различен потекло, а постојат индикации дека методот позитивно делува и на когнитивните способности кај здравите луѓе.

mindlab-psihijatriska-ordinacija-so-tradicionalni-i-sovremeni-terapiski-metodi-01.jpg

Лабораторијата преку специјализираноста и соодветната сертификација на терапевтот д-р Тина Темелковска, обезбедува современи третмани кои ја инкорпорираат најновата технологија и достигнувања во медицината и во психијатриската наука.

Одржувањето на менталното здравје, здравото соочување со психичка или емотивна несигурност, последиците од стрес или сето она што го носи модерното секојдневие, треба да биде наша ментална хигиена. Психотерапијата е вообичаен дел од грижата за себеси и факт е дека психотерапиите помагаат во подобрување на здравствената слика, ги оптимизираат физичките перформанси и менталната острина. Тоа е одговор не модерното живеење а целта е секој да се чувствува подобро и да има поквалитетен живот. Психотерапијата може да создаде корисни, позитивни промена во начинот на кој размислуваме, живееме и се чувствуваме“, изјави д-р Тина Темелковска, специјалист психијатар и основач на MindLab.

Д-р Тина Темелковска е специјалист психијатар  и терапевт. По специјализацијата по психијатрија, дел од  нејзиното образование во областа на клиничката психијатрија и психотерапија го завршила во Љубљана, Словенија и Белград, Србија. За специфичните тераписки пристапи и методи д-р Темелковска, обуката ја стекнува во престижни европски и светски центри, како во Neuroelectrics, Барселона и Neuromodulationlab, Сингапур за tDCS, транскранијална директна струјна стимулација, за когнитивно бихејвиорална  терапија и ЕМДР методот во Загреб, Хрватска.

Повеќе информации за работењето на психијатриската ординација MindLab се достапни ТУКА.

mindlab-psihijatriska-ordinacija-so-tradicionalni-i-sovremeni-terapiski-metodi-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Тина Русева со искрена исповед: „Никогаш не сум била лигаво девојче - работам во McDonald's во Герма... „Работам од свои 15-16 години константно и си работам до ден денес. Имам ра...
Тина Русева пак „растури“ на The Voice, но не помина во следниот круг - Британски пејач клекна на ко... „Благодарам на секоја душа што веруваше во мене, ме поддржуваше, се молеше за ме...
Тина Русева прослави роденден со нова победа во The Voice - Македонската пејачка со моќен настап (ви... Нашата Тина вчера наполни 21 година, а по шоуто, прославата ја продолжи дома - н...
Позитива на денот! Македонка ги наслика Андреј, Тоше и Панчо: „Тие не се дел од минатото - тие се ве... „Оваа слика е мој начин да ви се поклонам. Не со зборови, туку со молитва во бој...
Росана Сариќ револтирана: „Жена во нашата зграда собира смет и го запали - полиција влезе насилно во... „Во нашата зграда живее сама жена, живее во смет. Смрдеата е неподнослива, ...
Христина Пан прослави 8 години брак - објави свадбени фотки и ужива со 3-те ќерки, откако едната се ... По борбата со неплодност и ракот на една од близначките, Христина во прекрасна а...

Најчитани неделава