Тина Русева пак „растури“ на The Voice, но не помина во следниот круг - Британски пејач клекна на колено и ѝ се поклони (видео)
- Детали
- понеделник, 24 ноември 2025
„Благодарам на секоја душа што веруваше во мене, ме поддржуваше, се молеше за мене и се возеше покрај мене на овој ролеркостер од емоции. Никогаш не замислував дека толку многу срца ќе чукаат со моето… и ќе го носам тоа чувство засекогаш“, напиша Тина, откако откри дека испаднала од натпреварувањето на The Voice of Germany.

Нашата Тина Русева, за која целата јавност дозна уште по нејзината неверојатна аудиција на The Voice of Germany, го заврши својот настап во шоуто.
Таа ја испеа својата верзија на Killing Me Softly од The Fugees, по што на сцената излезе британскиот пејач Калум Скот, клекна на колено пред неа и ѝ се поклони.

Тина не го криеше своето воодушевување што токму тој ја избра неа да ѝ биде ментор во Comeback Stage (бараж), ама и покрај огромната поддршка и желба да продолжи да се натпреварува, таа не го помина третиот круг.
На Фесјбук, младата струмичанка им се заблагодари на сите за поддршката и љубовта, вети дека ова е само почеток:
„Епа луѓе мои тука се затвора едно прекрасно поглавје.
Моето патување на The Voice Of Germany заврши, но моето срце е пополно од кога било.
Од срце ви благодарам. Благодарам на секоја душа што веруваше во мене, ме поддржуваше, се молеше за мене и се возеше покрај мене на овој ролеркостер од емоции.
Никогаш не замислував дека толку многу срца ќе чукаат со моето… и ќе го носам тоа чувство засекогаш.

Во тимските борби дадов сè од себе. Не само сила и оган, туку нежност и емоција. Но, овој пат, тоа не беше доволно за 99-те поранешни кандидати.
Со мојот последен настап на Comeback Stage сфатив дека Бог има друг план за мене во кој цврсто верувам.
Нежен потсетник дека затворените врати честопати водат кон отворање на нови.
Ова не е крај. Ова е само почеток.
Мислев на секој збор што го ветив: „Ова е само почеток“. И искрено... не можев да замислам поубав начин да започнам.
Премалку е што и да кажам за сета љубов и поддршка што ја добивам од сите вас. Ве сакам сите“.

Кликнете и погледнете ги видеата од нејзиниот настап и од средбата со Калум Скот:
Прочитајте и Тина Русева за CRNOBELO, откако „растури“ на The Voice: „Не можев да замислам дека ќе добијам толкава љубов“
А. Ј. | Црнобело