Тина Русева прослави роденден со нова победа во The Voice - Македонската пејачка со моќен настап (видео)
- Детали
- петок, 24 октомври 2025
Нашата Тина вчера наполни 21 година, а по шоуто, прославата ја продолжи дома - нејзината мајка објави видео, на кое се гледа моментот кога Тина ја прогласуваат за победник во елиминацискиот круг, а таа седната покрај телевизорот со торта во рацете ги дува свеќичките.

Тина Русева од Струмица, која воодушеви со својата аудиција во германската верзија на музичкото шоу The Voice, повторно имаше моќен настап.
Тина, која избра да е дел од тимот на музичарот Нико Сантос, овој пат пееше евергрин од RUN DMC и Aerosmith - Walk This Way, но не сама, туку водеше музичка „битка“ со уште две девојки на сцената, за најдобрата од нив да помине во следниот круг и да стане официјално и дел од тимот на Нико.

По фантастичниот настап во елиминациската битка, нашата Тина беше прогласена за победник.
Таа откри дека оди понатаму преку фотка на својот Инстаграм, но откри и дека ѝ е роденден, а ова е нејзина роденденска победа.
„Не можев да посакам подобар роденденски подарок“ - напиша таа.
Тина вчера наполни 21 година, а по шоуто, прославата ја продолжи дома, со торта.
Нејзината мајка објави видео, на кое се гледа снимка од моментот кога Тина ја прогласуваат за победник, а потоа таа со торта во рацете и венче на главата на кое пишува Happy Birthday, ги дува свеќичките на тортата.

Кликнете за да ги погледнете видеата од настапот и домашната прослава:
Прочитајте и Тина Русева за CRNOBELO, откако „растури“ на The Voice: „Не можев да замислам дека ќе добијам толкава љубов“
А. Ј. | Црнобело