Макпрогрес Виница - поддржувач на младите во нивниот професионален развој и кариера

Макпрогрес Виница ги подготви матурантите за донесување на нивните важни одлуки низ презентација на позитивните компаниски примери.

makprogres-vinica-poddrzuvas-na-mladite-vo-nivniot-profesionalen-razvoj-i-kariera-01.jpg

Компанијата Макпрогрес организираше отворен ден во ресторан Александар Парк, на кој присуствуваа матурантите од СОУ,,Ванчо Прќе” од Виница.

Отворениот ден имаше за цел да ги насочи професионално матурантите во високото образование и да им ги презентира можностите за практична работа, трајно вработување, како и стипендиите преку фондацијата “Свет крст“ во која Макпрогрес е меѓу најголемите донатори.

Дополнително, повод за организација на ваков настан беше да им се претстават нови перспективи и можности на матурантите во вистински момент кога тие ги носат одлуките за нивниот професионален живот и кариера, како и расветлување на нивните дилеми во однос на изборот на професијата, студиската програма или местото на живеење.

makprogres-vinica-poddrzuvas-na-mladite-vo-nivniot-profesionalen-razvoj-i-kariera-02.JPG

Во време кога Македонија се соочува со негативен тренд, кога се повеќе млади луѓе размислуваат за иселување од земјата, позитивните примери од домашниот пазар би можеле позитивно да влијаат на животните одлуки на младите. Ние сакаме да направиме позитивни промени во општеството, придвижувајќи ја локалната економија, нудејќи перспективи и подобрувајќи го животниот стандард на младите во Виница и регионот. Верувам дека со овие напори што ги вложуваме ќе го постигнеме тоа“ – се обрати извршниот директор на Макпрогрес, Глигор Цветанов.

Матурантите проследија кратки презентации од седум претставници од Макпрогрес, вработени на различни позиции кои ги споделија своите лични искуства, професионални достигнувања и работни задачи во рамки на компанијата.

makprogres-vinica-poddrzuvas-na-mladite-vo-nivniot-profesionalen-razvoj-i-kariera-03.JPG

Помеѓу претставниците од Макпрогрес кои им се обратија на матурантите имаше дипломиран прехрамбен технолог вработен во сектор производство, дипломиран хемичар вработен како биохемичар за контрола на квалитет, машински инжинери, економисти и графички дизајнери, што го потврдува заклучокот дека во рамките на една толку високо-развиена компанија има позиција речиси за секоја професија.

На студентите им беше претставена и можноста за безкаматно студентско кредитирање, како нова можност за која тие ќе имаат прилика да аплицираат од оваа есен  и тоа за следниве високообразовни струки: прехрамбен технолог, електро и машински инжинер и биохемичар.

makprogres-vinica-poddrzuvas-na-mladite-vo-nivniot-profesionalen-razvoj-i-kariera-04.JPG

На презентацијата матурантите имаа можност да се запознаат со компанијата, сите брендови од семејството Макпрогрес, со компаниските капацитети и потреби за вработување.

Макпрогрес Виница е најголемата компанија во општина Виница, најголем извозник од прехрамбената индустрија во Македонија пет години по ред и е една од поголемите во регионов на централна и југоисточна Европа.

makprogres-vinica-poddrzuvas-na-mladite-vo-nivniot-profesionalen-razvoj-i-kariera-05.JPG

makprogres-vinica-poddrzuvas-na-mladite-vo-nivniot-profesionalen-razvoj-i-kariera-06.JPG

makprogres-vinica-poddrzuvas-na-mladite-vo-nivniot-profesionalen-razvoj-i-kariera-07.JPG

Би можело да ве интересира:

Позитива на денот! Македонка ги наслика Андреј, Тоше и Панчо: „Тие не се дел од минатото - тие се ве... „Оваа слика е мој начин да ви се поклонам. Не со зборови, туку со молитва во бој...
Македонската младина за првпат дел од младинското глобално климатско движење Младите од Сееверна Македонија официјално станаа дел од младиснката глобалната п...
Македонски психолог за маките на клиентите кои се отселиле од Македонија: „Им недостигаат луѓе, глас... „Овој пост е инспириран од моите клиенти кои повеќе не живеат во Македонија. Сел...
Германец, што живее во Македонија, го покажува родниот град: „Улиците мирисаат на шампон“ „Сакам Македонка жена, не сакам од Фрајбург. Инаку, оваа година бев тука само 2 ...
Дечкото од Сомалија, што живееше во Македонија и направи свадба во Охрид, стана татко: „Го добив Идр... „Бев отсутен по свадбата во Македонија од најубавата можна причина. Некои од вас...
Татјана Лазаревска се врати од Австралија, па ја одведе мајка ѝ на иселеничка забава: „Мојата кралиц... Фолк-пејачката Татјана Лазаревска си дојде во родната Македонија по скоро 2 годи...

Најчитани неделава