Германец, што живее во Македонија, го покажува родниот град: „Улиците мирисаат на шампон“
- Детали
- четврток, 15 јануари 2026
„Сакам Македонка жена, не сакам од Фрајбург. Инаку, оваа година бев тука само 2 дена. Замислете од 365 дена“, вели Финн Ваттчов, на кој Македонија му е дом веќе неколку години. Toj во видео открива детали за неговиот роден град во Германија.

Финн Ваттчов е менаџер за маркетинг на социјалните медиуми, роден во Фрајбург на Брајсгау (Freiburg im Breisgau) во Германија, а на кој Македонија му е дом веќе неколку години.
За нашата држава тој вели дека е најубавата земја што некогаш ја посетил и во која веднаш се почувствувал како дома. Дури си замислува како тука еден ден ќе изгради куќа и ќе основа семејство.
За себе Финн вели: „Јас сум Германец во Македонија и ви го покажувам мојот роден германски град“:
„Дечки тука сè е чисто, мириса на шампон.
Денес ќе ви ја покажам Германија на македонски јазик.

Ова е мојот град во Германија... Видете имаме планини како во Македонија, мислам дека не е лошо за Германија.
Тука во Фрајбург имаме најмногу сончеви денови во годината од цела Германија.

Оваа година бев тука само 2 дена. Замислете од 365 дена.
Тука имаме како каналчиња со вода и има приказна со нив дека ако ги прескокнеш ќе треба да жениш девојка од тука, но јас нема да го направам тоа затоа што сакам Македонка жена, не сакам од Фрајбург.
Во сабота сите шетаат, уживаат, но не е како во Македонија, тука уживање е да трошиш пари на шопинг.

Како чист Македонец ќе одам сега во McDonald's.
Tука во Фрајбург имаме и како во Битола – Широк Сокак.

Луѓе видете тука мириса на шампон. Многу луѓе чистат тука. Навистина топ.
Ама мириса и на колбаси, германски колбаси“.