Освојте 2.000 евра, менторска помош и патување во Грузија - пријавете се за Наградата за социјално претприемништво - Social Impact Award 2018!

Сите млади што имаат идеја за социјален бизнис можат да ја аплицираат до 8 мај 2018 година, вторник (на полноќ) како дел од овогодишната Награда за социјално претприемништво „Social Impact Award 2018! Конкурсот е отворен онлајн на веб-страницата socialimpactaward.mk. Можностите  што ги нуди програмата се многубројни, од финансиски награди (три тима добиваат по 2.000 евра од Шпаркасе банка Македонија), менторска помош и поддршка, патување на Интернационалниот самит во Грузија, можности за вмрежување, растење и учење.

osvojte-2000-evra-mentorska-pomos-i-patuvanje-vo-gruzija-prijavete-se-za-nagradata-za-socijalno-pretpriemnistvo-social-impact-award-2018-01.jpg

„Се надеваме дека младите навистина ја препознаваат важноста од водењето сопствен бизнис на етички начин, создавајќи позитивно општествено влијание. Нашата банка е партнер на младите креативни и иновативни умови, па затоа ги поттикнуваме сите заинтересирани да ја искористат оваа можност“,  изјави Владимир Кечовски, директор на Дирекцијата за микроклиенти во Шпаркасе Банка Македонија на вчерашниот настан „Запознавање со жирито“ што се одржа во „Јавна соба“ – Скопје. На настанот сите присутни имаа можност да ги споделат своите идеи со членовите на жирито и да добијат конструктивни коментари за својата идеја, која потоа можат да ја пријават на Social Impact Award 2018.

„Social Impact Award беше можеби едно од најубавите искуства за мене како млад човек и социјален иноватор и тоа му го препорачувам на секој млад човек, кој има желба, визија, знаење и мисија да креира подобро општество за себе и за идните генерации. Целата програма од почеток до крај беше одлично организирана и корисна, а финансиската поддршка е само награда за тоа дека сите овие месеци сме растеле и сме созреале доволно за да продолжиме понатаму сами да креираме успеси и промени, што приватно, што професионално“, истакна Илина Вељановска, која со својата платформа Создади победи на ланската Награда за социјално претприемништво, а со присутните на настанот ги споделуваше своите искуства, знаења и вештини стекнати во рамките на целокупната едукативна програма.

osvojte-2000-evra-mentorska-pomos-i-patuvanje-vo-gruzija-prijavete-se-za-nagradata-za-socijalno-pretpriemnistvo-social-impact-award-2018-02.jpg

„Конкурсот годинава го затвораме на 8 мај (вторник) на полноќ. Потоа ги избираме најдобрите идеи, кои во текот на летото минуваат низ инкубација и добиваат менторски часови. Три од победничките идеи добиваат финансиска поддршка, а за четвртата награда од заедницата е предвидена менторска поддршка и сметководствени услуги. Целиот циклус завршува на почетокот на ноември кога победниците имаат можност да учествуваат на интернационалниот самит, кој годинава ќе се одржи во Грузија“, појасни националната координаторка на програмата, Марија Матовска.

Иницијатор на наградата што се доделува четврта година по ред е Social Impact Lab во соработка со организацијата Младиинфо, Пакомак, Фонд за иновации и технолошки развој и Конто профит. Поддршката и оваа година е обезбедена од Шпаркасе Банка Македонија, која е верен соработник во мисијата за подобро општество.

Повеќе информации можете да добиете на веб-страницата www.socialimpactaward.mk.

Би можело да ве интересира:

Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви ... „Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами...
Сања Николиќ со поддршка за Слаткар, кој се откажа од парите за снимање на филмот: „Приказната зад к... „Повторно гледам колку лесно судиме, а половично знаеме или воопшто не знаеме.&n...
Шеф Никола откако ослабе 38kg: „Кога бев дебел викаа ‘свиња си’, сега дека сум болен - ние сме нациј... „Од луѓево сум страшно разочаран. Од едно илјадници коментари што сум ги добил, ...
Кристина Арнаудова револтирана откако обезбеди летување за 26 деца: „Аплаузи се резервирани за оние ... „Мојот живот веќе 11 години е воглавно ова. Борба за секоја една донација. И за ...
„По 48 години брак, моите родители се венчаа во манастир во Македонија - ден кој нема да го заборави... „Знаеш ли колку сум среќна што ќе се венчаме пред вас за да си споделиме убави с...
Емилија Розман им напиша порака на соседите откако го исчисти лифтот од смет: „Ако мене не ми падна ... „Со сета должна почит према сите станари, доколку мене не ми падна круната додек...

Најчитани неделава