„Горско пиво“ со збогатен вкус и во ново пакување

15 години од појавувањето на пивскиот бренд на македонскиот пазар.

gorsko-pivo-so-zbogaten-vkus-i-novo-pakuvanje-001.jpg

Под мотото „Твое пиво, твој начин“, „Пивара Скопје“ официјално го пушти во продажба „Горско пиво“ во ново пакување и со збогатен вкус.  Од  компанијата велат дека со пуштањето на пазарот на збогатеното „Горско пиво“ всушност заокружуваат еден подолг технолошки процес, чија главна цел беше да се одговори на потребите на потрошувачите, особено на љубителите нa светли пива со полесен вкус во кој спаѓа и „Горско“.

Иако брендот „Горско“ е реалтивно помлад член на семејството пива оргинално произведени од страна на „Пивара Скопје“ , уште од неговото појавување во 2003 година успешно се позиционираше на македонскиот пазар. Денес на неговиот 15 годиншен јубилеј, континуитетот на оваа успешна приказна го заокружуваме со збогатување на неговиот вкус и освежување на неговиот изглед. Очекуваме дека со ваквиот чекор „Горско“  дополнително ќе ја зацврсти неговата пазарна позиција освојувајќи ги вистинските љубители на пивото“, изјавија од „Пивара Скопје“

Со носечката порака на кампањата  - „Твое пиво, твој начин“, преку која ќе се претстави новиот изглед на пивото и ќе се одбележи неговиот  јубилеј, од  „Пивара Скопје“ велат дека  сакаат да ја одважат инвентивноста прикриена во  секое ќоше од нашата земја, која извира од луѓето како еден вид на непроценливо богатство со кое располагаме.

gorsko-pivo-so-zbogaten-vkus-i-novo-pakuvanje-2.jpg

„Токму тоа и претставуваше главната инспирација за кампањата, затоа што токму таков е и  самиот карактер на брендот „Горско“ - пиво кое ги слави и обединува сите оние кои што знаат да го живеат животот на свој начин. Со новиот изглед и збогатениот вкус само ја прославуваме успешната приказна која што изминативе 15 години брендот ја изгради заедно со неговите верни потрошувачи“, истакнаа од „Пивара Скопје“.

Новиот ТВ Спот за Горско може да го погледнете тука:

/" data-width="630" data-show-text="false">
/" class="fb-xfbml-parse-ignore">
/">Горско - Твое пиво, твој начин

Што и да правиш, прави го онака како што ти умееш. Твое пиво на твој начин. Горско со збогатен вкус и во ново пакување.

Posted by Горско Пиво / Gorsko Pivo on Wednesday, May 16, 2018

Би можело да ве интересира:

Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Елвир Мекиќ: „Бев фан на Магија, со 57-ца стигнав во Радишани и заѕвонив на врата кај Јован за да ми... „Тогаш првпат во животот отидов во Радишани. Прашав каде живее Јован и ми ја пок...
„Броиме чекори и калории, зависни сме од нотификации за попусти“ - Македонка алармира во какви кафез... „Колку чекори направи денес? Дали си го закажа следниот термин за нокти точ...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...
Вело Марковски е 35 години постар од сопругата - Наши и регионални парови со голема разлика во годин... Лазар Ристовски по разводот повторно најде љубов и тоа со актерка која е скоро 4...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...

Најчитани неделава