Најдобар менаџер за човечки ресурси за 2017 година е Елизабета Мирчевска од Атлантик Група

(Скопје, 01.06.2018) - Елизабета Мирчевска, регионален директор за човечки ресурси во Атлантик Група е прогласена за најдобар HR менаџер за 2017 година. Изборот за најдобар HR менаџер, кој го спроведува Македонската асоцијација за човечки ресурси (МАЧР), се прави четврта година по ред со цел да се препознае, признае, промовира и да се награди успехот на најпосветениот професионалец во делот на управување со човечките ресурси. Наградата значи и промовирање и признание на организацијата која е посветена во интегрирање на успешните практики во делот на управувањето со човечките ресурси, како една од носечките алки во делувањето на компанијата.

najdobar-menadzer-za-covecki-resursi-za-2017-godina-e-elizabeta-mircevska-od-atlantik-grupa-01.jpg

Петочлената комисијата за избор на HR менаџер на годината, составена од експерти во областа на човечките ресурси со долгогодишно искуство (двајца од академската област, двајца професионалци од бизнис средината и минатогодишниот носител на титулата) одлучи дека Мирчевска треба да ја понесе титулата за 2017 година, поради нејзиниот придонес во развој на оваа област, со воведување иновативни практики за поддршка и мотивација на вработените во компанијата во која работи, а со тоа и во промовирање на важноста на професијата HR во општеството.

Веруваме дека компанијата ја сочинуваат вработените и затоа Атлантик Група посебен акцент става на управувањето со личниот раст и развој на кариерите на вработените, низ разни едукативни програми, од активен развој на лидерски вештини и талент менаџмент програми, до препознавање на млади таленти и развој на секој вработен низ индивидуални развојни програми“, изјави Мирчевска по повод добиеното признание.

najdobar-menadzer-za-covecki-resursi-za-2017-godina-e-elizabeta-mircevska-od-atlantik-grupa-02.jpg

Наградата најдобар HR менаџер на годината на Мирчевска ѝ беше доделена во рамките на 10-тата јубилејна Меѓународна конференција за човечки ресурси која во организација на МАЧР вчера се одржа во Скопје. Седум престижни професионалци и експерти од полето на човечките ресурси дебатираа на тема „From HR to RH– Respect for Humanity” (Од менаџмент со човечки ресурси – до почит кон луѓето), која е произлезена од тесната и нераскинлива врска меѓу човечките ресурси и почитта кон човечноста. На конференцијата присуствуваа над 300 гости и учесници, а во текот на двата работни дена, предавачите ги споделија своите искуства и визии во оваа областа и го презентираа своето стручно знаење, иновативни идеи и упатија препораки кои присутните менаџери и професионалци ќе можат да ги имплементираат за унапредување на организацијата во која работат. Една од клучните препораки која што беше дадена е дека професијата управување со човечки ресурси треба да се користи за подигање на квалитетот на животот на луѓето, особено во професионалниот дел, со воспоставување на соодветни стратегии, обезбедување достоинствени услови за работа и еднакви можности за развој и напредок на луѓето, што самото по себе ќе придонесе кон позитивен развој на компаниите и општеството.

najdobar-menadzer-za-covecki-resursi-za-2017-godina-e-elizabeta-mircevska-od-atlantik-grupa-03.jpg

najdobar-menadzer-za-covecki-resursi-za-2017-godina-e-elizabeta-mircevska-od-atlantik-grupa-04.jpg

Би можело да ве интересира:

Тајзи ја запроси саканата Ангела на Валентајн: „Две души, една иднина“ На Денот на вљубените, Тајзи ја запроси саканата, моделот Ангела Анчевска, а спо...
Нема да доплаќате при прием на пратки од ТЕМУ - ДДВ е пресметано во цената 20 ноември 2025, Скопје- Министерството за финансии информира дека усвоените изм...
Се омажи Анета Љумаковска со саканиот Рубин - Втор брак за пејачката Анета 22 години беше во брак со музичарот Џими Мицевски, со кого настапуваше зае...
Нашиот Тони Наумовски доби награда за Најдобар машки актер на фестивал во Њујорк: „Почестен сум од п... „Возбуден сум, почестен и понизно ја споделувам оваа исклучителна актерска награ...
Јован Јованов за музичките почетоци: „Со Магија одевме на часови по танцување, Врчак го запознав на ... „Отсекогаш сум сакал да имам група, не да настапувам сам. Сите мои другари праве...
Александар Маленко, по петтиот брак и животот во Словенија: „Се вратив во Македонија, тука ми се дец... Нашиот најдобар пливач на сите времиња, долго време живееше во Словенија со петт...

Најчитани неделава