Заедно во уште една балетска приказна – Еуролинк бесплатна балетска школа

Скопје, 7.6.2018 г. - Традиционално, петта година по ред, Еуролинк осигурување создава успешна балетска приказна за деца на возраст од 7 до 12 години. 50 момчиња и девојчиња и оваа година ќе имаат можност да ги изучуваат основните техники во класичниот балет, притоа развивајќи ги координацијата на движењето, слухот, чувството за ритам, елеганцијата во движењето. Балетската школа организирана од Еуролинк осигурување претставува еден од начините да се регрутира идната балетска публика, но и можност за рано насочување на деца што имаат талент да се занимаваат со сценска игра. Балетските вежби се внимателно приспособени за возраста на децата.

zaedno-vo-uste-edna-baletska-prikazna-eurolink-besplatna-baletska-skola-001.jpg

Родителите може да ги пријават своите деца од 7 до 14 јуни 2018 г. на електронската адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., со испраќање на следните генералии: фотографија на детето, возраст, тежина, висина, број на балетанки, информација за претходно балетско искуство и контакт-телефон од родителот.

Летната балетска школа ќе трае три недели, учесниците ќе бидат поделени во две групи според возраста и претходното искуство, започнувајќи од 25 јуни  до 16 јули 2018 г., секој понеделник, среда и петок со почеток од 18:00 и 19:00 часот, во просториите на „Булфрог Балетско училиште“ на ул. „Миле Поп Јорданов“ бр. 68, кула 12, под менторство на Горан Божинов, педагог и првенец во Македонската опера и балет.

На сите учесници ќе им биде обезбедена бесплатна балетска униформа.

Активноста е дел од платформата за Корпоративно општествена одговорност „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“, која годишно реализира повеќе активности од областа на културата, уметноста и образованието во Република Македонија.

Би можело да ве интересира:

„Заедно сме од деца“ - Олгица Тодорова (24) oд Кочани имаше магично запросување на Лефкада од сакани... „Нашата љубовна приказна трае речиси една деценија. Заедно сме уште од деца и ни...
Почина Зоки Панкер, урбана легенда и газда на „Балет“ Почина Зоки Панкер – газдата на „Балет“, урбана легенда и култен градски лик. Ли...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
Емотивна средба - Слаткар на концерт го препозна Јован, момчето кое спаси 20 деца во Кочани, и се си... „Еве го јунакот“ - напиша Слаткар кој на својот вчерашен концерт го препозна мом...
Соња Тарчуловска со сопругот Јохан на балет, Горан Папаз позира со 4-те деца: Што прават нашите ѕвез... Сопругата на Андреј од ДНК за него емотивно напиша: „Тоа што тој го правеше не б...
Бетика од Ресен: „Од 9 години научив да возам трактор, семејно береме сливи, дрвцата ни се како деца... „Возам трактор од мојата 9-та година и благодарение на мојата фамилија со години...

Најчитани неделава