Шансата која ни ја даде „Виталиа” ни го промени животот!

Да се најде добра работа во Македонија е тешко, но да се најдат вредни и трудољубиви вработени е уште потешко. Но, иако сите луѓе заслужуваат еднаква шанса и можност за кариера, малку се за жал компаниите во Македонија кои тоа го овозможуваат.

shansata-koja-ni-ja-dade-vitalia-ni-go-promeni-zivotot-001.jpg

Виталиа е прехранбена македонска компанија за здрава храна, која сака да ги руши стереотипите и предрасудите, која отворено им пристапува на сите трудољубиви луѓе, и која на сите вработени им нуди еднакви можности за работа. Таков е и примерот со дел од децата штитеници од Домот за деца без родители „11 Октомври” кои добија можност да се вработат во компанијата и тука да го стекнат потребното искуство. “Шансата која ни ја даде „Виталиа” ни го промени животот, ни даде верба и ни внесе оптимизам за успешна кариера, и многу сме среќни за тоа”, категорични ни изјавија дел од штитениците.

Како компанија Виталиа функционира како едно големо семејство, на вредни, посветени, работливи луѓе без оглед на нивното етничко, културно или социјално потекло.

„Од каде и да доаѓаме, пред се’ сме луѓе. И знаеме колку се тешки почетоците, посебно во кариерата. И на сето ова, замислете дека немате никој да ви помогне, ниеден роднина со сопствен бизнис, пријател кој ќе ви позајми пари за да почнете или родител кој ќе ви остави наследство. Овие луѓе не заслужуваат да живеат со помалку од останатите, верувајте ми, се’ што им треба е шанса. Станува збор за вредни вработени кои  не само што ја оправдаа нашата доверба, туку се и наша гордост и пример со кој се трудиме да ги мотивираме и нашите соработници и сите компании во Македонија да го направат истото.” – вели Искра Ветаџокоска Муцунска – менаџер и косопственик на „Виталиа”

Општествената одговорност е активност која подразбира запазување на повеќе работи. Да произведете здрави, квалитетни и безбедни производи според потребите на потрошувачите, да помогнете на социјално загрозените слоеви, да дадете еднакви шанси за градење кариера секому, но и да се потрудите вредните вработени да бидат наградени соодветно за нивната продуктивност.

Македонската прехранбена компанија за здрава храна „Виталиа” оваа година прославува јубилејни 25 години од своето постоење - 25 години исполнети со многу работа, љубов и посветеност да се променат прехранбените навики на нацијата и да се подобри квалитетот на животот за сите.

Би можело да ве интересира:

„Ти си ми сè во животот“ - Елена Најдоски прослави трета годишнина од брак со саканиот Бојан во лукс... „Среќна годишнина, љубов моја! Ти си ми сè животот - љубов, потпора, најдобар пр...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...
Мартин (36) од Скопје: „Роднина на улица ме праша дали сум се средил - Не, не се оженив и немам деца... „Како си ти, се среди ли?“ - Ова беше прашањето што го добив завчера од еден чов...
Александар Динев: „Некогаш ми беше срам да кажам дека сум дете од село, но никогаш нема да заборавам... „Пораснав во с. Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете...
Драган од Радовиш: „Поминаа 10 години откако дојдов во Шведска - знаев само 5-6 Македонци, но држава... „Денес... 10 години откако дојдов во Шведска. Искрено… поминаа како 10 дена. По ...
Горан Папаз ја возвишува сопругата за годишнината, откако му роди 3 деца: „Ти си повеќе од тоа што с... „Не знам на каков начин да ти покажам колку те сакам, освен дека те сакам повеќе...

Најчитани неделава