Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Отворен конкурсот за стипендии „Борис Трајковски“ за МБА студии на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ

(Скопје, 26.06.2018) – Конкурсот за доделување 20 стипендии „Борис Трајковски“ за МБА студии на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ е отворен и заинтересираните кандидати ќе може да се пријавуваат до 20 јули 2018 година. Со потпишаниот договор меѓу Сити Колеџ, Кабинетот на Претседателот на Република Македонија и Министерството за образование и наука, се овозможува врвно образование за 20 кандидати кое е финансирано од Владата на Република Македонија – Министрество за образование и наука и од Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ.

otvoren-konkursot-za-stipendii-boris-trajkovski-za-mba-studii-na-megjunaorodniot-fakultet-na-univerzitetot-shefild-siti-koledz-01.JPG

За академската 2018/2019 година стипендиите се наменети за вонредни двегодишни студии од II (втор) циклус на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ и тоа за насоките, менаџмент, маркетинг, финансии, менаџмент во логистика, менаџмент во здравство и менаџмент на човечки ресурси кои се дел од постдипломските студии на Програмата за бизнис администрација, МБА.

Стипендиите, традиционално, се доделуваат на 20те најдобри кандидати кои ќе се пријават на конкурсот и ги исполнуваат условите кои што се наведени во истиот, додека изборот на кандидатите ќе се изврши од страна на заедничка Комисија составена од потписниците на Протоколот.

Универзитетот Шефилд е еден од водечките британски универзитети и се наоѓа во рамките на "Најдобрите 100 универзитети во светот" и помеѓу "Топ 10 универзитети во Велика Британија за истражувачка моќ". Според QS листата за глобално рангирање на универзитетите за 2019 година, тој е рангиран на 75-то место во светот, и на 22-ро место во Европа. Универзитетот Шефилд е врвна академска институција чија што основа е истражувачката работа, преку која што има стекнато светска слава за квалитет. Шест добитници на Нобелова награда доаѓаат од Универзитетот Шефилд. На Универзитетот Шефилд има 6 академски факултети, пет факултети се во Велика Британија и еден факултет, тоа е Меѓународниот факултет, Сити Колеџ, се наоѓа во Солун, Грција.

Повеќе информации во врска со објавениот конкурс за стипендиите „Борис Трајковски“ за академската 2018/ 2019 година се достапни на mon.gov.mk, а рокот за аплицирање е 20 јули 2018 година

otvoren-konkursot-za-stipendii-boris-trajkovski-za-mba-studii-na-megjunaorodniot-fakultet-na-univerzitetot-shefild-siti-koledz-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Македонија е на 47-то место на листата за најдобра национална кујна во светот - Кои се нашите топ 10... Кои се задолжителните работи кои мора да ги пробате од македонската кујна? Како ...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Американец не може да ѝ одолее на нашата храна - јаде гравче тавче, наздравува со ракија во Скопје (... Американецот Џастис, кој го обожава Балканот, со ново вирално видео - во скопска...
16-минутен молк на скопскиот плоштад, тишината никогаш поболна - Собир за почит кон жртвите на пожар... Ѕвездено небо за 59-те прерано згаснати животи, 16-минутен молк за жртвите од по...
Тоше Проески пееше на Евровизија, гледавме „Млади бунтовници“ – Настани што се случија во Македонија... 2004-та беше плодна година и за музиката и за филмската индустрија во Македонија...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg