Пријавете се за стипендија и бидете дел од МБА програмата на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ

Конкурсот за стипендии „Борис Трајковски“ за МБА студии на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ е во тек и ќе биде отворен до 20 јули. Преку истиот ќе бидат доделени стипендии за 20те најдобри кандидати од земјава. Ова е одлична можност и да дефинираме зошто оваа МБА програма е една од најдобрите и најквалитетните во светот, воопшто.

prijavete-se-za-stipendija-i-bidete-del-od-mba-programata-na-megjunarodniot-fakultet-na-univerzitetot-shefild-siti-koledz-001.JPG

Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ во Солун, преку стипендиите Борис Трајковски нуди вонредни двегодишни студии од II (втор) циклус на насоките, менаџмент, маркетинг, финансии, менаџмент во логистика, менаџмент во здравство и менаџмент на човечки ресурси. Добивањето стипендија и стекнување со овие глобално вреднувани знаење, ќе донесе дополнителни придобивки за вас како професионалец и менаџер.

1. Ќе развиете вредни менаџерски вештини – МБА студиите неизмерно ги подобруваат деловните вештини меѓу кои и ефикасна комуникација и ефективно решавање проблеми, вештини за менаџирање на времето, прилагодување на промени како и работа под притисок. Ќе научите како да излезете од вашата комфорна зона, а во исто време да бидете успешни, како да се справувате со предизвици кои вклучуваат и елементи на ризик, што е една од клучните менаџерски вештини.

2. Глобално гледиште - Во денешната глобална економија, важно е бизнис студентите да се сретнат со професионалци од различни полиња кои ќе им помогнат да ги разберат очекувањата на потрошувачите, најдобрите практики и деловни проблеми низ целиот свет.

3. Подобри можности за кариера – МБА студиите на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ опфаќаат повеќе програми како што се менаџмент, маркетинг, финансии, менаџирање со човечки ресурси, логистика и менаџмент во здравство. Сите предмети кои се дел од оваа програма овозможуваат спектар на знаења и практики во областа на јавниот и приватниот сектор. Поради овие квалификации, поголеми се шансите за добивање менаџерски позиции и напредок кон поголемо ниво на одговорност.

4. Акредитација и признание од официјални меѓународни органи – Без оглед каде планирате да изградите кариера, вашето знаење и сертификат ќе бидат признати во светот и сигурно ќе го зголемат вашиот кредибилитет кај деловните луѓе. МБА програмата на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ е акредитирана од страна на Здружението на магистерски студии за бизнис администрација (AMBA), од Асоцијација за унапредување колегиум училишта за бизнис (AACSB), како и од Институтот за управување со кариера од Велика Британија. Магистерските студии за бизнис администрација ќе ви понудат огромен број предности, особено кога сте дел од врвен универзитет со одлична репутација.

5. Кредибилитет – Стекнувањето диплома од Универзитетот Шефилд уште повеќе придонесува кон кредибилитетот на поединецот, бидејќи овој универзитет е водечки истражувачки универзитет во светот, рангиран на 75-то место во светот и 22-ро во Европа [QS World University Rankings 2019].

6. Разновидност – МБА студиите на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ опфаќаат повеќе полиња на знаење и практики, па со тоа полесно се прават промени во кариерата, а студентите веќе се подготвени за повисок степен на работни обврски, како и работа под притисок и динамика. МБА студиите даваат можност за поголеми трансформации во кариерата. Дипломата стекната од Универзитетот Шефилд, дава можност за кариерно унапредување, но често е и алатка за целосно пренасочување на професионалниот живот и промени во професијата. Уште една предност на МБА магистрите е можноста за дополнителна професионална квалификација – Ниво 7 на диплома за стратешки менаџмент и лидерство од Институтот за управување со кариера (CMI).

7. Вмрежување – градење врски со познаници на луѓето кои веќе ги познаваме е корисно и за двете страни. Мрежата на контакти од МБА програмата вклучува колеги од групата, други студенти, професори, академски кадар на факултетот, како и целата мрежа на дипломци од целиот регион и Велика Британија. Крајната цел е градење позитивни врски со луѓето кои имаат исти размислувања и интереси.

8. Можност за креирање релации во меѓународна едукациска средина – Ако одберете да студирате ЕМБА во странство, вие не само што ќе се стекнете со нова перспектива за тоа како се води бизнис, туку и ќе се збогатите со искуство од други држави. Оваа ќе го прошири вашиот културен и интелектуален хоризонт, како и вашите можности за кариера. Мрежата на ЕМБА програмата се состои од професионалци од околу 20 различни држави. Оваа меѓународна заедница претставува уникатна можност за поврзување и создавање професионални релации.

Затоа, ако сте во потрага по реномирано и квалитетно знаење, високо верифицирана и рангирана диплома, со можноста за добивање стипендија преку отворениот конкурс, ви се нуди врвно образование кое е финансирано од Владата на Република Македонија – Министрество за образование и наука и од Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ.

Повеќе информации во врска со објавениот конкурс за стипендиите „Борис Трајковски“ за академската 2018/ 2019 година се достапни на mon.gov.mk, а рокот за аплицирање е 20 јули 2018 година

Би можело да ве интересира:

Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...
„Жена се сака секој ден“ - Нова доза моќни пораки од Бомбакис, дечкото со написи на картони „Не е сè така розово како што изгледа на Инстаграм“, „Довербата е луксуз во дене...
Прв танц со саканата, уникатен костум со дезен – Нови фотки од веселата свадба на Бомбакис и Вики За вечерната прослава Бомбакис носеше бел костум со уникатен дезен, а во еден ми...
Бомбакис, дечкото со картони, стана татко: „Сега веќе животот има смисла“ „Има за кого да се живее, животот ќе го дадам за тебе“, пишува Бомбакис во објав...
„Таа е меѓу државите со најмногу планини на светот“ – Не, не е Швајцарија, Македонија е (видео) „Ова е држава со најмногу планини на светот. Можеби си помисливте на Швајцарија?...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg