Виталиа повторно добитник на престижната награда за квалитет - QUDAL

Македонската водечка компанија за здрава храна Виталиа повторно се закити со престижната светска награда QUDAL – Медал за квалитет 2017/2018, што се доделува на компании кои нудат производи со врвен квалитет според светски стандарди. Зад оваа позната награда за квалитет стои реномираната швајцарска организација ICERTIAS со филијали во повеќе од 40 земји ширум светот.

vitalia-povtorno-dobitnik-na-prestiznata-nagrada-za-kvalitet-qudal.jpg

Квалитетот, исто како и убавината, е во окото на потрошувачот и претставува субјективен феномен. Тој е емоционално искуство што произлегува како резултат на перцепцијата и очекувањата. Чувството на висок квалитет се појавува кога перцепцијата ги надминува очекувањата, а наградата со која по втор пат се закитуваме е доказ дека сме успеале во нашата мисија да ги надминеме очекувањата на нашите верни конзументи. Среќни сме и горди што макотрпната и посветена работа е високо признаена и ценета како од нашите потрошувачи така и од реномирани организации кои професионално го оценуваат квалитетот. Ова за нас е мотив плус да продложиме уште поинтезивно и секогаш да бидеме во дослух со потребите на современото-здраво живеење. Ја изразуваме нашата длабока благодарност за изразената доверба!“, изјави Искра Ветаџокоска, менаџер и ко-споственик на Виталиа.

Организацијата ICERTIAS ги доделува овие награди со мерење на искуството, мислењето и перцепцијата на корисниците за компаниите кои го нудат највисокиот квалитет на пазарот. Тие имаат за цел да го охрабрат пазарот да развива и стимулира иновативни форми на работење како и да спроведуваат студии на локално и на национално ниво. Организацијата, пред сè, обрнува внимание на добро познатиот квалитет на производите низ целиот свет. Покрај тоа, тој им дава големо значење на клиентите и односите со клиентите. ICERTIAS работи само со институции и организации ширум светот кои ги задоволуваат високите стандарди за квалитет.

Би можело да ве интересира:

Жарко Димоски со семејството повторно на Малдиви: „Истото место, истите денови, нова година“ „Момчињата ќе бидат момчиња“, напиша сопругата на актерот, на кои Жарко игра фуд...
Дамјан (5) од Штип е мал географски гениј - ги знае сите знамиња, ги црта границите на државите без ... „Неодамна, вртејќи го глобусот ми рече: „Мама, мене светот ми е многу мал“. ...
„ЖИВОТ ПОВТОРНО“ - Настан организиран од Димитар Радески со цел подигнување на свеста за малигните з... На 19 Април 2026 во НУЦК „Марко Цепенков" - Прилеп ќе се одржи настанот „Живот п...
Годишен хороскоп за 2026: Лав 2026 година за Лавовите носи динамика, важни пресврти и силни лекции на љубовен,...
Аеродромци се жалат на музиката од Тоше која свири 12 часа на ден на „Детска улица“: „Убаво е за мин... „Видеото е снимено денес, недела, во 9 часот наутро. Некој можеби ќе рече: „Па у...
Нашиот Тони Наумовски доби награда за Најдобар машки актер на фестивал во Њујорк: „Почестен сум од п... „Возбуден сум, почестен и понизно ја споделувам оваа исклучителна актерска награ...

Најчитани неделава