Спектакуларен концерт на Влатко Стефановски во Античкиот театар во Охрид

Најпознатиот македонски гитарист, Влатко Стефановски, вчеравечер одржа спектакуларен концерт во Античкиот театар во Охрид.

spektakularen-koncert-na-vlatko-stefanovski-vo-antickiot-teatar-vo-ohrid-03.JPG

Посетителите имаа прилика да го слушнат неговиот последен проект, албумот „Мајчин јазик“ - првиот соло акустичен албум кој содржи инструментални верзии на македонски народни песни.

spektakularen-koncert-na-vlatko-stefanovski-vo-antickiot-teatar-vo-ohrid-01.JPG

Ова е 35-ти албум во неговата кариера, а на него, меѓу другите, поместени се и песните: „Зошто си ме мајко родила“ (посветена на Есма и Стево Теодосиевски), „Огреала месечина“, „Успаванка за Радмилу М“ – композиција за истоимениот албум на „Бијело дугме“ за која Влатко вели дека настанала во Скопје како минијатура за две гитари, Касапско оро и 13-осминското Пелистерско оро.

spektakularen-koncert-na-vlatko-stefanovski-vo-antickiot-teatar-vo-ohrid-05.JPG

Бројната публика во Античкиот театар уживаше во неверојатниот перформанс кој го приреди Влатко заедно со неговите пријатели Теодосиј Спасов од Бугарија, хармоникашот Танос Ставридис од Грција, Биља Крстиќ од Србија, Весна Гиновска Илкова и групата „Љубојна“ од Македонија.

На концертот кој што долго ќе се памети, тој не заборави да му оддаде и признание на Оливер Драгоевиќ, изведувајќи акорди од неговата „Магдалена“, што предизвика огромно воодушевување и овации кај присутните.

spektakularen-koncert-na-vlatko-stefanovski-vo-antickiot-teatar-vo-ohrid-04.JPG

Нашиот виртуоз приреди вистинско волшебно музичко патување во градот Охрид, за кој тој неодaмна истакна дека е место полно со магија, дух, уметност, неверојатна природа и секогаш претставува голема инспирација и возбуда за него. Овој негов настап дефинитивно се докажа дека е кулминација на сите негови трагања како музички, така и просторни.

spektakularen-koncert-na-vlatko-stefanovski-vo-antickiot-teatar-vo-ohrid-06.JPG

Концертот на Влатко Стефановски во организација на Баги комуникации, го поддржа Македонски Телеком, кој воедно е главен покровител на „Охридско лето”.

spektakularen-koncert-na-vlatko-stefanovski-vo-antickiot-teatar-vo-ohrid-02.JPG

Би можело да ве интересира:

Јован Јованов ужива со ќерката на концерт на Coldplay во Торонто: „Ова е нејзин прв концерт“ Јован Јованов во одлично расположение се забавува со ќерката Малеа на концерт во...
Македонски психолог за маките на клиентите кои се отселиле од Македонија: „Им недостигаат луѓе, глас... „Овој пост е инспириран од моите клиенти кои повеќе не живеат во Македонија. Сел...
Дарко Влогс: „Првата сопруга ме тепаше, изневеруваше, се дрогираше и мене животот ми беше уништен“ Се запознале на брод, каде што Дарко работел, а таа била гостинка, потоа се допи...
Лежалка 300 денари, нескафе 220 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2025? Мала лименка пиво на плажа ќе платите 190 денари, а кафе американо 220 денари......
Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Позитива на денот: Снеже Велков, во совршен аутфит, со ТикТок танц со Цаки од „Кисми“ на негова песн... „Легендарниот, единствен, неповторлив, Цаки Кисми! Благодарам за овој танц! Жума...

Најчитани неделава